Боуви и книгите

Не знам колку е општо познат тој податок, но Боуви многу сакал да чита книги. Во неговите неофицијални и авторизирани биографии, неретко се нагласува и тој податок. Покрај музиката, и литературата била неговата страст. Се’ е фино објаснето во следната изјава, која покажува колку момакот бил срце од човек. Затоа што, човек што чита и има голема домашна библиотека – не може да биде лош човек 😉

„Јас сум вистински самообразуван тип на човек. Читам незаситно. Секоја книга што некогаш сум ја купил, се’ уште ја имам. Не можам да ја оттуѓам. Физички е невозможно да ги напушти моите раце! Некои од нив ги чувам во оставата. Во домашната библиотека ги чувам оние што навистина ми се допаѓаат. Некои ноќи се врткам околу полиците и си ги правам оние ужасни работи на себе – ги бројам книгите, и си размислувам колку долго ќе треба да живеам, и си велам: „Уф, да т’и.ам, не можам да прочитам ни две третини од овие книги“. Тогаш ме обзема тага“.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *