Архива за категоријата: Хумор

Хуморот ќе го спаси светот! Колку едноставно звучи, ама навистина е така. Насмевката на лице, и шибај напред, зашто се живее секој ден, а само еднаш – се умира ;-)

Таткото и ќерката Копола

Хотел „Континентал“, Скопје, крај на 80-ти.

Славниот Френсис Форд е поканет на свадба кај роднини по некоја македонско-италијанска линија, и со себе ја поведува тинејџерката Софија. Сопругата не сакала да чуе за патување на Балканот. Некаде по 2-3 часа веселба, очигледно на славниот режисер, по пар слаби шприцери, му станува досадно, бидејќи токму тој ги сними славните свадбарски сцени во „Кум 2“, и ја вади камерата од џебот.

Читај повеќе

Beatles vs Reservoir dogs

Утро по 8 Март.

Тарантиновите Касапски кучиња и Битлси, брзајќи да купат од преостанатите гладиоли за да им ги подарат на љубените (бидејќи синоќа заглавиле, кој во студио, кој низ маало), се разминуваат на пешачки, се создава гужва, напнатост во воздухот, и за момент настанува кошкање меѓу нив. Резултатот е неизвесен 😉

Читај повеќе

Битлси кај Жабарот шеес’ и некоја

Викенд во Скопје.

Џон, Пол, Џорџ и Ринго, на враќање со воз од Индија, останале еден викенд во Скопје зашто им се видел убав. На фотката се сликани од Скендер крај Вардар зад Влада, шеес’ и некоја, после пар ракии уз шопска, и по некој ќебап кај Жабарот.

Читај повеќе

Смешната страна на животот

Велат дека ако во едно општество не е развиен хуморот и потсмевањето со самите себе, тогаш не ја бива работата. Карикатурата ја врши токму таа функција – огледало во кое се гледаме сите ние, собрани во едно трло и водени од „демократијата“. Порано во весниците една од редовните рубрики беше резервирана токму за карикатуристите. На тој начин се прославил и американскиот илустратор Гери Ларсон, еден од моите омилени поради фантастичниот и прониклив хумор кој ни го дава само во еден цртеж, проследен со минимален коментар. На фан страната на Фејсбук насловена „The Far side“ (според неговата истоимена книга) може да се најдат еден куп генијални карикатури не само од Ларсон, туку и од неговите колеги Марк Паризи, Дејв Блажек…), кои, се надевам, слатко ќе ве изнасмеат. Ова е мојот избор 😉

Читај повеќе