Деби издание на „Мезанин“, нов меѓупростор на Радио Равел

Новиот музички магазин на 96-иот мегахерц започна со две теми од Велвет андреграунд, достоен старт за музичка емисија која шест години ќе зрачи со квалитетна музика во етерот над Скопје.

Што да се пушти во првата емисија во ново радио од ризницата на музики од домашната колекција? Прашање за долго думање. Сепак, најдобро е да се направи пресек во кој правец би се движел магазинот во следниот период. Изборот падна на актуелни музики во комбинација со оние од не толку далечното минато, па во првата емисија може да се чујат по пар теми од Соник јут, Колдплеј, Елбоу, Стренглерси, Строукс, Вајт страјпс, Морчиба итн. Уживајте 😉

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *