Како ретко која книга од балкански автор досега, „Физика на тагата“ го „полуде“ светот. Еве дел од импресиите:
Оваа книга е лудост! Таа е неверојатна и нервозна, сентиментална, одразувачка, страшно смешна, потресителна , колку филозофска, толку и поетична, микроскопска и грандиозна. Накратко: чудесна! Berliner Zeitung
“Физика на тагата“ е литературен забрзувач на честички, голем акцелератор во кој се мешаат живописни минијатури и списоци… Süddeutsche Zeitung
Не велат ли за Габриел Гарсија Маркес дека со „Сто години самотија“ прв ја стави Латинска Америка на картата на светската литература? Исто како него, така и Господинов не само што завршува со реализмот, туку на дневен ред поставува и еден експериментално-игрив, апсурдно-остроумен, постмодернистичко-противречен, саморефлексивно-ироничен стил на раскажување. Со оваа книга Господинов се издигнува над низините на комерцијалноста и конвнционалноста на романот, спасувајќи се не само себеси, туку и литературата, а со неа и целиот свет. Neue Zürcher Zeitung
Георги Господинов (1968) е поет, романсиер и сценарист. Тој е најпреведуваниот бугарски современ писател, чии книги досега се преведени на повеќе од дваесетина јазици. На македонски се објавени книгите „Природен роман“, „И други приказни“ (и обете на Темплум), како и збирката песни „Балади и распади“ (Блесок), сите во превод на Никола Маџиров. Во последниве години авторот постигна успех и во САД, а позитивни рецензии за неговите дела излегоа во New Yorker, NY Times, Village Voice…
Неговиот последен роман, „Физика на тагата“, беше финалист на неколку европски и светски награди, меѓу кои: Premio Strega Europeo, Haus der Kulturen der Welt, Brücke Berlin Preis… Според “Њујоркер”, бугарскиот збор за тагата, tuga, може да се спореди со Памуковиот hüzün и Набоковиот toska.
Press release
Драги пријатели/читатели, со особена гордост го најавуваме гостувањето на бугарскиот писател Георги Господинов по повод промоцијата на преводот на неговиот роман “Физика на тагата” на македонски јазик. Настанот ќе се случи во среда, на 14 октомври, во клубот ГЕМ (над Менада) од 20 часот, на кој модератор ќе биде Никола Маџиров, а промотор на книгата Маја Бојаџиевска. Преводот на делото е на Душко Крстевски, илустрацијата на корицата ја изработи Марија Смилевска, а дизајнот на книгата е на brigada.mk. Излегувањето на книгата и гостувањето на авторот е дел од програмата “Креативна Европа” на ЕУ.
O mytho é o nada que é tudo (Митот е ништо што е се’), F. Pessoa, Mensagem
Постои само детство и смрт. И помеѓу, ништо друго… Гаустин, Избрани автобиографии
Светот не е веќе волшебен. Ти си напуштен. Борхес, 1964.
…и ете, навлегувам во полите и ширните пребивалишта на умот каде што се наоѓаат скришните места на неизброиливи ликови… Свети Августин, Исповеди, кн. X
Само краткотрајното и привременото вреди да биде запишано. Гаустин, Напуштените
Ме обзема желба да летам, да пливам, да лаам, да мукам, да завивам. Би сакал да имам крилја, оклоп, кора, да испуштам дим, да имам сурла, да го извивам и собирам телото, да можам да се распостелам, да бидам во сé, да се одделам од миризбите, да разлистувам како растенијата, да течам како водата… да проникнувам длабоко во секој атом, да се спуштам до дното на материјата – да бидам материја. Густав Флобер, Искушението на Свети Антониј
…mixing… memory and desire. T.S. Eliot, The Waste Land
Чистите жанрови не ме интересират многу. Романот не е Ариевец. Гаустин, Роман и ништо
Читателот ја има слободата да ја прифати оваа книга како роман… Ернест Хемингвеј, Подвижен празник