Таг архива: Господинов

Книжевни разговори со Георги Господинов

Освен на промоцијата на романот „Засолниште во времето“ на 1 декември во МКЦ, Георги Господинов одвои време да одговори и на неколку прашања на Оливера Ќорвезироска поврзани со книжевноста. „Најубавото на овие средби е што секој си го наоѓа своето засолниште или прибежиште. И секој си ја раскажува својата приказна“.

Читај повеќе

Промоција на „Засолниште во времето“ од Георги Господинов

На 1 декември наш и Ваш гостин беше Георги Господинов. По промоцијата на наградуваниот роман „Физика на тагата“ во 2015 година во Старата скопска чаршија, овој пат писателот го угостивме во киното „Фросина“ во МКЦ, кое беше исполнето до последното место. Имавме прекрасни промотори и љубопитна публика. Се случи уште една книжевна вечер за долго сеќавање.

Читај повеќе

Промоција на 200 издание во едицијата ПРОаЗА на ИЛИ-ИЛИ во „Утринска на Телма“

Редно е годината да ја заокружиме на позитивен начин, со гостување на едната половина од ИЛИ-ИЛИ во „Утринска на Телма“, по повод 200 наслов во едицијата ПРОаЗА. Во воведот од разговорот пријатно изненадување, со потсетување на едни не толку далечни времиња 🙂 Голема благодарност до Марко, единствениот во македонскиот медиумски простор кој сметаше дека значајниот јубилеј на ИЛИ-ИЛИ треба да се одбележи со интервју, сето останато е копи-пејст варијанта 😉

„Засолниште во времето“ од Георги Господинов

Денеска од печат излезе преводот на романот „Засолниште во времето“ од Георги Господинов, како двестота, јубилејна книга во популарната едиција „ПРОаЗА“ на „ИЛИ-ИЛИ“. Преводот од бугарски на македонски јазик е на Душко Крстевски, дизајнот на корицата е на Марија Смилевска, а излегувањето на книгата е дел од програмата „Креативна Европа“ на ЕУ.

Читај повеќе

„Свадби на животни и нешта“ од Раја и Георги Господинови

Утре од печат излегува новата книга во детската едиција „И ете приказна“ на ИЛИ-ИЛИ, соработката на Раја и Георги Господинови во сликовницата со приказни за мали и големи деца симпатично насловена „Свадби за животни и нешта“. По романите „Природен роман“ и „Физика на тагата“, како и збирките раскази „И се’ стана месечина“ и „Сите наши тела“, драго ми е што со ова издание ќе откриеме и едно поинакво лице на Господинов, кој со својата (во времето на создавање на книгата) шестгодишна ќерка успеале да направат многу симпатична книго-сликовница која се надевам дека ќе наиде на голем интерес кај читателите.

Читај повеќе

„Сите наши тела“, четири куси раскази

Лупење јаболка

Има движења што го будат минатото. Бавно лупам едно јаболко со џебно ноже (џебно ноженце, го викаа некогаш), набљудувам како се вие спиралата на кората, го бришам јабол­ковиот сок по ножето. Мојата рака се сети за раката на татко ми која се сети за раката на дедо ми. Не јас, туку мојата рака помни. Не јас, туку дедо ми ги лупи јаболката. И сите тројца подголтнуваме задоволни.

Читај повеќе

Рецепцијата на Георги Господинов во Македонија

Периодов романот „Физика на тагата“ на Георги Господинов повторно е во фокусот. Неодамна тој ја доби престижната полска книжевна награда „Ангелус“ токму за преводот на веќе култниот роман, а минатата недела на премиерата на истоимената анимирана варијанта на книгата од Теодор Ушев, во Софија присуствуваа 3000 луѓе. Според најавите, набргу следи и њујоршка премиера.

По тој повод, професорката Елизабета Шелева од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје го отстапи за објавување нејзиниот есеј од славистичкиот собир во Љубљана одржан во мај годинава, на кој настапи со една опширна опсервација насловена „Рецепцијата на Георги Господинов во Македонија“. Секако, голема благодарност до професорката за овој гест, а Вам ви останува да читате и – да уживате 😉

Читај повеќе

Кон бугарскиот омнибус „8 минути и 19 секунди“

Во една дождлива пролетна мајска вечер, на средината од 9-то издание на Филозофскиот филмски фестивал, во полуполната кино сала на Кинотеката бевме во можност премиерно да го гледаме бугарскиот омнибус „8 минути и 19 секунди“ како дел од официјалната фестивалска селекција за наградите, која брои шест наслови од различни кинематографии, вклучувајќи го и овој. Во мојата последна книга со филмска есеистика „Филмски град“ поместена е рецензијата за еден од највозбудливите бугарски филмови во последнава декада, „Насоки“ на Стефан Командарев, а на минатогодишното издание на „КинеНова“ како селектор на филмовите во официјалната конкуренција меѓу конкурентите го вброив и мултинаградуваниот „Ага“ на Милко Лазаров. Кога на овие наслови ќе им се додадат уште неколку од надоаѓачката генерација на нови бугарски филмаџии, тогаш сликата е јасна – нашиот источен сосед во последно време доживува вистинска филмска ренесанса.

Читај повеќе

„Физика на тагата“ од Георги Господинов

Како ретко која книга од балкански автор досега, „Физика на тагата“ го „полуде“ светот. Еве дел од импресиите:

Оваа книга е лудост! Таа е неверојатна и нервозна, сентиментална, одразувачка, страшно смешна, потресителна , колку филозофска, толку и поетична, микроскопска и грандиозна. Накратко: чудесна! Berliner Zeitung

Читај повеќе