Овој возбудлив месец на петтото издание на „КинеНова“ на ТВ24, од 26 до 28 октомври ќе биде заокружен со три филма од потентната нова австриска кинематографија. Нормално е дека првата асоцијација секогаш ќе биде Михаел Ханеке, режисерот кој во изминатите три декади ја стави австриската кинематографија на светската филмска карта. Меѓутоа, од оваа централноевропска земја од година во година доаѓаат нови и свежи автори кои со своите филмови поставуваат важни општествено-политички прашања, неретко освојувајќи награди на филмските фестивали. Дел од „КинеНова“ ќе бидат три возбудливи остварувања, со кои се надевам дека вистински ќе уживате во новото австриско кино!
26 октомври, 22ч30м
Austria/2016/88’
Браќа во ноќта (Brothers of the night)
Screenplay and Director: Патрик Чиха (Patrick Chicha)
Cast: Стефан (Stefan), Јонко (Yonko), Асен (Asen)
Синопсис
Примерни момци преку ден, кралеви во ноќта. Документарниот филм следи група на бугарски Роми дојдени во Виена во потрага по слобода и брза заработка. Тие ги продаваат своите тела бидејќи само тоа и го имаат. Она што ги опушта, далеку од домот, е чувството за заедништво. Но ноќите се долги и непредвидливи.
Festivals and awards
- Bergen International film Festival 2016 – Best documentary
- Berlinale 2016 – Official selection
- Milan International film festival 2017 – Grand Jury Award
- Cheriers-Cheris 2016 – Best Ensemble Acting Prize
Биографија
Патрик Чиха (Виена, 1975) студирал моден дизајн во Париз, а потоа и филмска монтажа на филмската школа ИНСАС во Брисел. Живее и работи во Париз. Од 2001 снима кратки филмови закитени со бројни фестивалски награди. Неговиот деби филм „Domaine“ со Беатрис Дал премиерно беше прикажан на Венециското Биенале. Неговата комедија „Boys Like Us“ имаше кино премиера во 2014 година.
27 октомври, 22ч30м
Austria, Germany/2018/94’
СТИКС (STYX)
Screenplay and Director: Волфганг Фишер (Wolfgang Fischer)
Cast: Сузан Волф (Susanne Wolff), Гедион Векеса (Gedion Wekesa), Мутуку Ндинда (Mutuku Ndinda)
Синопсис
Во „Стикс“ сме сведоци на трансформацијата на една силна жена по едно навидум безгрижно едрење. Филм во кој брилјира актерката Сузан Волф, која за оваа улога доби безброј фестивалски награди ширум светот, како и режисерот на овој одличен и напнат филм.
Festivals and awards
- Austrian Film Awards 2019 – Best Film, Screenplay, Editing
- Berlinale 2018 – Heiner Carow Prize, Label Europa Cinemas Prize, Ecumenical Prize
- German Film Awards 2019 – Best Film, Actress, Cinematography, Sound
- German Directors Award Metropolis 2018 – Best Director, Best Actress
Биографија
Волфганг Фишер е роден 1970 година во Виена, Австрија. Тој е режисер и сценарист, познат по филмовите „STYX“ (2018), „What You Don’t See“ (2009) и „Grau“ (2001).
28 октомври, 22ч30м
Austria/2016/104’
ПРИСТОЈНА ЖЕНА (A Decent Woman)
Director: Лукас Валента Ринер (Lucas Valentia Rinner)
Cast: Ана Годој (Ana Godoy), Ариел Гуревич (Ariel Gurevich)
Синопсис
Слугинка, која работи во ексклузивна затворена заедница во предградието на Буенос Аирес, тргнува на патување за сексуално и ментално ослободување во еден нудистичко- свингерски клуб, заштитен со висока безбедност.
Festivals and awards
– Diagonale, Austria 2017 – Best Film, Best Sound design
– Viennale, Austria 2017 – Best Film
– Torino Film Festival 2016 – Best Film
– Mar del Plata Film Festival 2016 – Best Film, Best New Actress
Биографија
Австрискиот режисер Лукас Валента Ринер долго време e набљудувач на аргентинското општество и на неговиот јаз меѓу богатите и сиромашните. „Пристојна жена“ спротивставува две затскриени заедници, богата затворена населба и нудистички/свингерски клуб веднаш во соседството, суптилно следејќи го зголемувањето на напнатоста што неизбежно води кон последната пресметка.