„Грбот на мажот“ од Аријан Лека

Денеска од печат излезе збирката раскази „Грбот на мажот“ од Аријан Лека, која е прв превод од албански на македонски јазик во едицијата „ПРОаЗА“ на ИЛИ-ИЛИ, благодарение на преведувачот Крешник Ајдини.

Албанскиот поет, романсиер и есеист Аријан Лека е роден во 1966 година. Студирал музика во родниот Драч, а албански јазик и литература во Тирана. Пишува песни, раскази, романи и литература за деца, меѓу другото на албански ги превел италијанските нобеловци Еугенио Монтале и Салваторе Квазимодо. Некои од неговите четиринаесет објавени книги и делови од неговите дела се преведени на италијански, англиски, германски, француски, романски, бугарски, српски и хрватски. Во 2004 година го основа Меѓународниот фестивал за поезија и литература ПОЕТЕКА и оттогаш е главен уредник на истоименото списание.

ИЛИ-ИЛИ, Ваше право на добра КНИГА!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *