Кон изложбата „100 години потоа“ на Златко Бојковски

Во галерискиот простор на КИЦ во Скопје во тек е изложбата на Златко Бојковски насловена „100 години потоа“.

Во каталогот по повод изложените дела, Дијана Томиќ Радевска потенцираше:
„Мојата прва импресија од скулптурите на Златко Бојковски веднаш ме внесе во мислите и прашањето – дали битието е една совршена машина, совршен робот? (…)
Уметникот користејќи остатоци од шрапнели, метални остатоци од гранати, отпад од оружје од Првата светска војна… создава нови форми“.

      

Секоја од скулптурите носи порака која во прв момент точно асоцира на она што авторот сакал да го пренесе, но со емоции ве води до болка на доживеаното или до уживање на она што ќе го доживеете во ова негово претставување по четврти пат пред јавноста“.

Топла препорака да ја посетите изложбата во КИЦ 😉