Кои се финесите кога се пишува поезија и проза, и особено литература наменета за најмладите? Ова е една од неколкуте теми кои Калина Малеска ги загатнува во разговорот со унгарската писателка Кристина Тот, која минатиот месец беше гостинка во Скопје.

По промоциите на преводите на збирката раскази „Пиксел“ и романот „Аквариум“, Кристина Тот овој пат гостуваше по повод преводот на нејзината прекрасна сликовница „Приказни од облаци“.