Промоција на книгата за деца „Приказни од облаци“ на Кристина Тот

„Она што кај сопствените деца го гледам како нивен најголем страв е дека ќе бидат исклучени од околината, па макар тоа било преку „булинг“, задевање или потсмев. Тоа е она од што најмногу се плашат. Ова е еден мошне дамнешен страв кај човековите битија, кои доколку заостанат зад племето, разните животни-грабливци ќе ги стигнат и ќе ги растргнат. Поради тоа човекот претендира да се претопи со околината. Но што да правиме со оние деца кои имаат поинаков темперамент, поинакви замисли и потреби?“

„Јас бев многу осамено дете. Книжевноста ми помогна и ми покажа дека не сме осамени на овој свет. Ако во текот на читањето се сретнеме со некакви случки кои наликуваат на она низ кое ние поминуваме, можат да ни помогнат да ги надминеме тие тешкотии“.

Ова се дел од поентите на унгарската писателка Кристина Тот искажани минатиот месец на промоцијата на преводот на нејзината книга за деца „Приказни од облаци“.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *