Полуостров „Пељешац“, Хрватска

Вообичаена пракса при гостување на една писателска резиденција е да имате книжевно претставување во градот во којшто претстојувате, меѓутоа, поради екстремно зголемениот број на туристи и бегството на мештаните и локалната книжевна и културна сцена којзнае каде подалеку од Сплит, мудар потег на домаќинот Маја Вранчиќ и нејзината „Удруга Курс“ беше гостувањето на прекрасниот полуостров Пељешац, кадешто, заедно со хрватските автори Игор Рајки и Дени Борозан, во две последователни вечери, дискутиравме на тема „Книжевност во живо: Разговараме за идентитетот“ и „Низ книжевни средби до ревитализација на заборавените места“, притоа, секако, претставувајќи го и сопствентото творештво пред заинтересираната публика. 

Низ одлично модерирање од страна на Патриција Хорват (која веќе десет години успешно ги води книжевните вечери „Буквица“ во Сплит), настанот наиде на интерес кај медиумите (прилог линк од „Дубровачки вјесник“).

http://urednik.dubrovacki.hr/…/knjizevne-veceri-za-pocetak-…

 

Во меѓувреме го пробавме надалеку прочуеното пељешачко црно вино „Плавац мали – Дингач“ и ја проверивме една од најдобрите плажи на полуостровот, „Дивна“ (името се’ си кажува).

И на крајот, поглед кон соседната Корчула на Марко Поло со десетината мали островчиња наоколу, кадешто, за разлика од Пељешац, фаворит им е белото вино