Селектираните филмови во официјалната селекција на „КинеНова“ 2018

На 3. издание на „КинеНова“ селектирав осум филмови во трка за наградите. Еве ги основните информации за овие исклучителни остварувања, секое автентично и квалитетно на свој начин 😉

01.

Луксембург, Белгија, Германија/2017/107’

Гутланд (Gutland)

сценарио и режија: Говинда ван Меле (Govinda van Maele)

консултант на сценарио: Разван Радулеску (RazvanRadulescu)

улоги: Фредерик Лау (Frederick Lau), Вики Крипс (Vicky Krieps), Марко Лоренцини (Marco Lorenzini), Пит Буковски (Pit Bukowski)

продуценти: Жил Шаниал (Gilles Chanial), Оливие Дибуа (Olivier Dubois), Мелани Блоксдорф (Melanie Blocksdorf), Феликс Блум (Felix Blum)

Синопсис

Во овој рурален трилер, еден странец наоѓа засолниште во мало луксембуршко село. Како со текот на времето се интегрира во заедницата, тој открива дека не е единствениот кој сака да го сокрие своето минато. На трагата на бруталниот реализам во современото кино, филмот на ван Меле е одличен одговор на култниот „Догвил“ на Ларс фон Трир.

Фестивали и награди

  • Toronto International Film Festival 2018, Discovery Section – светска премиера
  • Luxembourg City International Film Festival 2017 – награда од публиката
  • Premiers Plans Angers 2017 – европска премиера
  • Tokyo International Film Festival 2018 – азиска премиера
  • 39th Cairo International Film Festival – африканска премиера
  • Buenos Aires International Festival of Independent Cinema 2018 – јужноамериканска премиера
  • Transatlantyk Festival: Lodz 2018, Section “New Cinema”

Биографија

Говинда ван Меле е роден 1983 во Луксембург. Неговиот прв краток филм „Џош“ (Josh, 2007) освои многу награди на интернационалните фестивали и беше првиот филм од луксембуршки режисер прикажан на „Canal +“. Следниот краток филм „Ден на отворено“ (Em Dag am Fraien, 2012) ја доби Лукесмбуршката награда за најдобар филм и беше прикажан на ТВ каналот „АRTE“.Тој снима и документарни филмови, а работи и како куратор во истражувачкиот сектор на Кинотеката на Луксембург. Живее на релација меѓу матичната земја и Турција.

 

02.

Иран/2017/104’

БЕЗ ДАТУМ, БЕЗ ПОТПИС (Bedoune Tarikh, Bedoune Emza/No date, no signature)

режија: Вахид Џалилванд (Vahid Jalilvand)

сценарио: Али Зарнегар (Ali Zarnegar), Вахид Џалилванд (Vahid Jalilvand)

улоги: Навид Мохамадзадех (Navid Mohammadzadeh), Амир Агаи (Amir Agha’ee), Хедие Терани (Hediyeh Tehrani), Закије Бебахани (Zakiyeh Behbahani)

продуценти: Али Џалилванд (Ali Jalilvand), Есан Аликани (Ehsan Alikhani)

Синопсис

Форензичкиот патолог д-р Нариман учествува во сообраќајка со моторциклист, при што неговиот 8-годишен син е лесно повреден. Тој се нуди да го однесе детето во локалната клиника, но таткото ги одбива неговите помош и пари. Неколку денови подоцна, во болницата кадешто работи, д-р Нариман дознава дека врз малото момче е извршена аутопсија по неговата сомнителна смрт. Докторот се соочува со дилема: дали тој е одговорен за смртта на детето по сообраќајниот инцидент, или се работи за труење со храна, според дијагнозата на неговите колеги?

Фестивали и награди

  • Venice Film Festival 2017 – награда „Хоризонти“ за најдобар режисер и актер
  • Chicago International Film Festival 2017 – „Златен Хуго“ за најдобар режисер дебитант
  • Fajr Film Festival 2017 – најдобар филм, режисер, сценарист, актери…
  • Bratislava International Film Festival 2017 – најдобар актер и награда „Фипресци“
  • Thessaloniki Film Festival 2017 – „Сребрен Александар“ и награда „Фипресци“
  • Stockholm Film Festival 2017 – „Сребрен коњ“ за сценарио
  • Cine Iran 2017, најдобар актер и специјална награда на жирито
  • FEST Belgrade 2018, награда од жирито за најдобар режисер

Биографија

Вахид Џалилванд (Vahid Jalilvand) е роден 1976 година во Техеран. Пред да дипломира театарска режија на Техеранскиот универзитет, тој ја стартувал кариерата како театарски актер на 15 години. Во 1996 година почнува да работи во државните ТВ канали како монтажер и ТВ режисер. Зад себе има преку 30 документарни остварувања, како и две популарни телевизиски серии. Неговиот дебитантски филм „Среда, 9 мај“ се прикажа во селекцијата „Хоризонти“ на Венецискиот филмски фестивал во 2015 година и ја доби наградата „Фипресци“.

03.

Русија/2017/118’

БЛИСКОСТ (Tesnota/Closeness)

режија: Кантемир Балагов (Kantemir Balagov)

сценарио:  Антон Јаруш (Anton Yarush), КантемирБалагов (Kantemir Balagov)

улоги: Дарја Зовнер (Darya Zhovner), Олга Драгунова (Olga Dragunova), Артем Ципин (ArtemTsypin), Назир Жуков (Nazir Zhukov)

продуценти: Николај Јанкин (Nikolay Yankin, Example of intonation – Alexander Sokurov’s Fund), Едвард Пичугин (Edvard Pichugin, Lenfilm), Александар Сокуров (Alexander Sokurov)

Синопсис

1998, Налчик, Северна Кавказија, Русија.

24-годишната Илана му помага на татко и‘ при поправките на автомобили во нивната гаража. Една вечер организираат веселба по повод веридбата на нејзиниот брат. Доцна во ноќта младиот пар е киднапиран и семејството тргнува во потрага по пари за откуп. Во оваа мала еврејска енклава вмешувањето на полицијата не доаѓа предвид. Како семејството ќе собере пари за да ги спаси младенците? Илана и нејзините родители ќе се обидат да најдат различни за да стигнат до целта, ризикувајќи ги меѓусебните односи кои и онака не се на ниво.

Фестивали и награди

  • Cannes Film Festival 2017– награда „Фипресци“ во селекцијата „Извесен поглед“
  • Lisbon & Estoril Film Festival 2017 – најдобар филм и актерка
  • Montréal Festival of New Cinema 2017 – најдобра актерка
  • Russian Guild of Film Critics 2017 – најдобра актерка, најдобра споредна актерка, најдобро деби
  • Sochi Open Russian Film Festival 2017 – најдобар филм и режисер
  • Haifa International Film Festival 2017 – специјално признание за режисерот
  • Vilnius International Film Festival 2018 – најдобар филм и актерка
  • International Cinephile Society Awards 2018 – најдобар филм

Биографија

Кантемир Балагов е роден на 28 јули 1991 година во Налчик. Во 2015 година ги заврши студиите по режија на Државниот универзитет „Кабардино-Балкар“ кај менторот Александар Сокуров. Зад себе има два докментарни и еден краток филм. „Блискост“ е негово дебитантско целовечерно остварување.

04.

Унгарија/2018/83’

ЦВЕТНА ДОЛИНА (Virágvölgy/Blossom valley)

режија: Ласло Чуја (László Csuja)

сценарио:  Ѓерѓ В. Наѓи (Gergő V. Nagy), ЛаслоЧуја (László Csuja)

улоги: Бјанка Берењи (Bianka Berényi), Ласло Рети (László Réti), Карољи Козма (Károly Kozma), Ѓерѓ Кардош (György Kardos)

продуценти: Андраш Мухи (András Muhi),Габор Ференци (Gábor Ferenczy)

Синопсис

Кој е вистински луд во овој хаотичен свет? Што значи да се биде „нормален“? Кои се механизмите со кои се станува „нормален“? Иронично, одговорите на овие прашања се надеваме дека ќе ги пронајдете во овој панкерски on-the-road филм кој ја раскажува приказнатаза младите љубовници во бегство по киднапирањето на едно бебе низ поетични и болно реалистични слики. Филмот е криминална мелодрама кој зборува за одговорноста и среќата и кој комплетно е снимен со натуршчици, храбро соочувајќи се со растењето на социјалниот јаз меѓу луѓето во Унгарија и Европа.

Фестивали и награди

  • Karlovy Vari International Film Festival 2018 – светска премиера и специјална награда од жирито
  • Palic Film Festival 2018 – награда за најдобар филм

Биографија

Ласло Чуја(Дебрецин, 1984) дипломирал на Академијата за филм и драма во Будимпешта во 2012 година. Неговиот краток филм „Фосфор“ имаше завидно учество на многу интернационални филмски фестивали, а во моментов го завршува неговиот документарец „Деветмесечна војна“ за украинско-рускиот конфликт. „Цветна долина“ е негов прв филм.

05.

Бугарија, Германија, Франција/2017/96’

АГА (Ága)

режија: Милко Лазаров (MilkoLazarov)

сценарио:  Симеон Венциславов (Simeon Ventsislavov), Милко Лазаров (Milko Lazarov)

улоги: Михаил Апросимов (Mikhail Aprosimov), Феодосија Иванова (FeodosiaIvanova), Галина Тихонова (Galina Tikhonova), Сергеј Јегоров (Sergei Egorov)

продуценти: Веселка Кирјакова (Veselka Kiryakova), Ајке Горецка (Eike Goreczka), Криштоф Кјукула (Christoph Kukula), Гијом де Сеј (Guillaume de Seille)

Синопсис

Во снежната дивина на северот, Нанук и Седна живеат традиционално и изгледаат како да се последните луѓе на Земјата. Тие сонуваат за повторно обединување со нивната ќерка Ага, која ги напуштила многу одамна, по една тривијална семејна расправија. И додека пејзажот околу нив драстично се менува од година во година со раното топење на мразот, по боледувањето на Седна, Нанук решава да тргне на пат и да и’ ја исполни нејзината последна желба.

Фестивали и награди

  • Sarajevo Film Festival 2018 – „Срцето на Сараево“ за најдобар филм
  • Jerusalem Film Festival 2018
  • Sydney Film Festival 2018

Биографија

Милко Лазаров (1967) дипломирал на Националната академија за театар и филм во Софија во класата на професорот Владислав Икономов. Неговиот дебитантски филм „Отуѓување“ (Otchuzhdenie, 2013) ја имаше својата премиера на 70. Венециска Мостра во селекцијата „Venice days“. „Ага“ е негов втор филм.

06.

Македонија/2018/152′

Ругање со Христос (Mocking of Christ)

сценарио и режија: Јани Бојаџи (Jani Bojadzi)

улоги: Љупчо Тодоровски (Ljupco Todorovski), Јоана Пилиху (Ioanna Pilihou), Мето Јовановски (Meto Jovanovski), Јоана Поповска (Joana Popovska), Младен Крстевски (Mladen Krstevski)

продуценти: Јани Бојаџи (Jani Bojadzi), Марко Кобе (Marko Kobe)

Синопсис

Александер Филипополус, славен новинар во политички магазин во Париз, добива писмо од матичната Грција дека неговиот татко Лазарус починал во Македонија. Тој се наоѓа на крстопат од својот живот, и решава да тргне во потрага по приказната која вклучува многу испреплетени семејни односи на балканско тло, и која се чини дека неговиот живот може уште повеќе да го преврти наопаку, особено поради потрагата по сопствениот идентитет, чија можност за сознание предизвикува страв и морници. Но, коцката е фрлена, и нема враќање назад!

Фестивали и награди

– Montréal World Film Festival 2018 – „Светска селекција “

Биографија

Јани Бојаџи (1970, Струмица) е роден во семејство бегалци од граѓанската војна во Грција. Дипломирал на Академијата за театар и филм во Софија. Тој работи како сценарист, продуцент и режисер на телевизиски, театарски и филмски проекти. Зад себе има два успешни кратки филма, „Таксират“ (2005) и „Крајот на светот“ (2010), како и ТВ проектите од 2016 година „Вистинска љубов“ (филм) и „Болка на душата“ (мини-серија во 4 епизоди). „Ругање со Христос“ е негов дебитанстки филм.

07.

Перу/2017/95′

Ретабло (Retablo)

режија: Алваро Делгадо Апарисио (Alvaro Delgado Aparicio)

сценарио:  Хектор Галвез (Héctor Gálvez), Алваро делгадо Апарисио (Alvaro Delgado Aparicio)

улоги: Жуниор Бехар Рока (Junior Bеjar Roca), Амиел Кајо (Amiel Cayo), Магаљи Солиер (Magaly Solier), Хермелинда Лухан (Hermelinda Lujаn)

продуценти: Енид Пинки Кампос (Enid Pinky Campos), Алваро делгадо Апарисио (Alvaro Delgado Aparicio), Ирис Рока (Iris Roca)

Синопсис

„Ретабло“ е приказна која го прикажува односот татко-син виден низ призмата на 14-годишниот Сегундо, кој се подготвува да го преземе традиционалниот семеен занает и да стане мајстор во изработување на „ретабло“ слики. Но, откако ќе ја открие тајната за поинаквата сексуална ориентација на неговиот родител, идолот во кој се огледува, неговиот свет комплетно се руши. Како Сегундо ќе успее повторно да го пронајде својот загубен идентитет, доколку постојано се обвинува себеси за ситуацијата во која се наоѓа неговот семејство, кое е дел од шовинистичкото општество високо горе, на прекрасните Анди?

Фестивали и награди

– Lima Film Festival 2017 – светска премиера, најдобар перуански филм

– Berlin Film Festival 2018 – интернационална премиера, специјална награда во селекцијата „Generation 14 plus“

– Inside Out Toronto LGBT Film Festival – најдобар дебитантски филм

– Kiev Molodist International Film Festival – најдобар филм

– San Francisco International LGBTQ Film Festival – Frameline – најдобар дебитантски филм

– Rhode Island International Film Festival 2018 – гран при за најдобар филм

Биографија

Алваро Делгадо Апарисио завршил Мастер студии на Лондонскиот универзитет за економија и политички науки. Тој исто така дипломирал и на Институтот за технологии во Масачусетс стекнувајќи диплома во областа на науката и иновативниот дизајн. Студии по режија завршил  на Лондонската филмска академија. Актиевн е во матичната земја како организатор на многу проекти за подобрување на социјалните услови за живот меѓу сиромашното населенеие. По успехот со првите два кратки филма, сценариото за дебитантскиот филм „Ретабло“ доби грантови за развој од фестивалот „Санденс“, Cinereach project, како и од Министерството за култура на Перу.

08.

Турција/2018/82′

Крадци на гулаби (Güvercin hırsızları/The Pigeon thieves)

режија: Осман Н. Доган (Osman Nail Dogan)

сценарио: Самет Доган (Samet Dogan),  Осман Н. Доган (Osman Nail Dogan)

улоги: Гокан Јикилкан (Gokhan Yiklikan), Кутај Сандикчи (Kutay Sandikçi), Сејит Јилмаз (Seyit Yılmaz)

продуценти: Тургај Сахин (Turgay Sahin), Синан Сертел (Sinan Sertel)

НЕ ПРОПУШТАЈТЕ!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *