Ова е мојот прв телевизиски реализиран и емитуван прилог воопшто. Честа заеднички да го скршиме мразот им припадна на „Стринг форсис“: и тие издадоа дебитантски албум, и јас дебитирав во те-ве етерот.
По безброј свирки во текот на 90те, момците и девојките од скопскиот бенд конечно реализираа носач на звук, и ме поканија во нивните работни и креативни простории сместени во една скривница наспроти Педагошка академија за да го снимиме прилогот, така и буквално и симболички влегувајќи во скопското (музичко) подземје.
Ова е крајниот резултат: малку трема, малку лоши резови, црно-бели телопи, но се’ на се’ – симпатично 😉