Светски ден на пивото

Од 2007 година стана традиција секој прв петок во август да се одбележи како „Светски ден на пивото“. Оваа година токму на вчерашниот ден, 04 август, му припадна таа чест да биде славена таа неодолива течност „која значи живот“ 🙂

Пивото во современово доба во кое живееме може да се пофали дека се пие повеќе и од кафето и од Кока-колата. Нештата за негово производство се толку едноставни и пристапни – житарки, квасец, вода, и добивате „течен леб“, односно, вистинска „храна за душата“.

Зборот „пиво“ доаѓа од латинскиот збор „bibere“, во превод – „да пиеш“, што значи дека до вистинскиот збор за омилениот пијалак на многумина се дошло преку синонимот за чинот на пиењето.

Историјата која трае веќе девет илјади години од неговото производство и конзумирање ни носи безброј пикантерии поврзани со пивото, но една од најубавите приказни е онаа за падот на моќното Римско царство. Имено, некои умни глави веруваат дека токму пивото е причина за тоа. Како? Е па, северните племиња на европскиот континент се познати како прилично воинствени, а се знае дека причина за тој див елемент во нивното однесување е токму консумацијата на пивото, кое го обожавале. Токму тоа им помогнало да ги совладаат старите Римјани на југот од континентот, чии потомци и ден-денес повеќе милуваат да уживаат во виното, кое е по-рилакс. Значи, Пивo:Вино = 1:0!

На сите пивопијци, со еден (незначаен) ден задоцнување (во однос на вечноста), им го честитам Светскиот ден на пивото. Друштво – cheers, живели, да живееме… Наздравје!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *