Таг архива: курт

Статуафест – прекинати врски

Деновиве во центарот на градот, на улицата „Македонија“, се одржа фестивалот на емоциите и сеќавањата. Случајните минувачи и патниците-намерници можеа да видат и со нив да стапат во интеркација со десет различни улични живи статуи, чии костимирани приказни ги симболизираа прекинатите врски. Инспириран од популарниот загрепски „Музеј на прекинати врски“, кој го посетив неодамна и за кој набргу ќе можете да прочитате токму овде, на „Херој“, настанот е вистинско освежување на централното градско јадро, кое мора секогаш да осмислува нови начини за да ги анимира своите граѓани, но и туристите кои се во посета на метрополата. Тоа мора да се случува, ако не секој ден, тогаш секој викенд, за Скопје да заличи на главен град, место кое ќе биде на мапата на европски градови кои со задоволство ќе мораат да бидат посетени од оние кои го живеат животот во постојано движење.

Читај повеќе

Три децении од смртта на Курт Кобеин

Поминаа 30 години од заминувањето на генерацискиот лидер на новиот бран во музиката на крајот од милениумот. Се сеќавам како да беше вчера. Среде семејната веселба ми пријде еден роднина и ме праша: „Знаеш што се случило синоќа по америчко време?“ „Врска немам“, се насмевнав. „Курт Кобеин се застрелал во глава!“, ми ја соопшти главната светска вест во моментот со наведната глава. Знаеше дека ги сакам Нирвана и дека направив се’ за да ги гледам во живо. Попусто.

Читај повеќе