Претпоставувам дека секој читател што ревносно ја следи книжевноста добро знае што претставува НИНовата награда „Роман на годината“, која го прослави 70-иот роденден. И после сите случувања, реакции и контраверзи во изминатите десетлетија, оваа награда го задржа своето реноме и понатаму претставувајќи репер за квалитетна литература. Од моето скромно следење на наградените романи, во последниве години можев да забележам дека членовите на жирито беа прилично отворени и либерални, неретко наградувајќи романи кои си поигруваат со жанровите, и токму во тој импулс лежи храброста да се препознаат новите тенденции во книжевноста, за разлика од повеќето уредници во домашните издавачки куќи чие чувство не е далекусежно, туку во рамките на очекуваното и најчесто – здодевното. Актуелен добитник на „НИНовата награда“ за книга објавена во 2023 година е писателот Стево Грабовац за романот „По забавата“, во издание на „Имприматур“. Ова е едно од можните доживувања на овој стилски едноставен, но истовремено комплексен концепсиски роман.
Кон романот „По забавата“ од Стево Грабовац
Напишете коментар