Лупење јаболка
Има движења што го будат минатото. Бавно лупам едно јаболко со џебно ноже (џебно ноженце, го викаа некогаш), набљудувам како се вие спиралата на кората, го бришам јаболковиот сок по ножето. Мојата рака се сети за раката на татко ми која се сети за раката на дедо ми. Не јас, туку мојата рака помни. Не јас, туку дедо ми ги лупи јаболката. И сите тројца подголтнуваме задоволни.