Еднаш еден пријател се обиде да ми ја објасни разликата меѓу “нас” и “нив”, иако не беше јасно кои би требало да сме “ние” и “тие”. Пријателот, по престојот во Америка, се враќал во Европа, крај него седела постара госпоѓа која на неговото прашање “каде патува?” невино одговорила: “Во Европа. Во Минхен… Тоа е град во Европа, зар не?” Откако добила потврден одговор, госпоѓата заспала не будејќи се се’ до слетувањето на минхенскиот аеродром.

