Овој возбудлив месец на петтото издание на „КинеНова“ на ТВ24, од 26 до 28 октомври ќе биде заокружен со три филма од потентната нова австриска кинематографија. Нормално е дека првата асоцијација секогаш ќе биде Михаел Ханеке, режисерот кој во изминатите три декади ја стави австриската кинематографија на светската филмска карта. Меѓутоа, од оваа централноевропска земја од година во година доаѓаат нови и свежи автори кои со своите филмови поставуваат важни општествено-политички прашања, неретко освојувајќи награди на филмските фестивали. Дел од „КинеНова“ ќе бидат три возбудливи остварувања, со кои се надевам дека вистински ќе уживате во новото австриско кино!
Таг архива: ханеке
Изабел Ипер, интервју/омаж
Триесетминутната средба со фестивалската ѕвезда Изабел Ипер на фестивалот „Браќа Манаки“ во Битола предизвика голем интерес кај публиката, која имаше можност да се сретне со една од најдобрите европски актерки на својата генерација. Ипер со својот настап покажа и докажа како треба да се однесува една наградувана актерка од француска провиниенција: одговараше кратко и јасно, со дозирана иронија што можеби ќе ви се допадне, а можеби и не, зависи од тоа колку лично го сфаќате нејзиното гостување на фестивалот што го следите со години. Читај повеќе
Михаел Ханеке – оптимист во срцето
Кога пред десет дена Михаел Хакене ја доби „Златната палма“ во Кан за неговото ново остварување „Белата лента“, ми се чини дека беше поправена уште една неправда, бидејќи со својот филмски опус австрискиот автор со години заслужуваше да добие фестивалски почести, особено на најценетиот фестивал во светот, каде неколку пати беше во конкуренција за престижните награди. „Понекогаш сопругата ми поставува едно женско прашање: Дали сум среќен? Тешко е да се одговори на него, бидејќи мислам дека среќата е реткост. Но, ова е еден од ретките моменти кога можам слободно да кажам дека сум навистина среќен“, беа зборовите кои на сцената ги кажа брадестиот филмаџија, чија скромност подоцна се покажа и на дело, бидејќи на прашањето „како ќе ја прослави големата победа во Кан“, тој едноставно одговоri „со чаша вино со сопругата, а потоа одиме на спиење, затоа што сум премногу уморен од сите прашања на кои мораше деновиве да одговорам“.
Читај повеќеКон „Скриено“ на Михаел Ханеке
Малкумина европски режисери можат да се пофалат со конзистентност во својата работа. Еден од нив доаѓа од земја со мала кинематографска традиција, Австрија, но со текот на годините стекна култен статус кај голем круг филмофили кои преферираат вистинско кинематско искуство, а не евтини холивудски лимонади. Михаел Ханеке зад себе има веќе девет целовечерни филмови, вклучувајќи го и актуелниот насловен „Скриено“, кој својата промоција ја доживеа во Кан.
Читај повеќеКристијан Бергер: Нов предизвик со секој нов проект
На мое големо задоволство, на филмскиот фестивал „Браќа Манаки“ во Битола имав чест да се сретнам и да поразговарам со Кристијан Бергер (Christian Berger), снимателот на неколку фантастични европски филмски остварувања. Неговиот благороден карактер ми овозможи фино да се опуштам и со него да промуабетам за многу нешта кои ме интересираа, особено за неговата соработка со култниот режисер Михаел Ханеке (Michael Haneke)
Читај повеќе