Таг архива: омаж

Изабел Ипер, интервју/омаж

Триесетминутната средба со фестивалската ѕвезда Изабел Ипер на фестивалот „Браќа Манаки“ во Битола предизвика голем интерес кај публиката, која имаше можност да се сретне со една од најдобрите европски актерки на својата генерација. Ипер со својот настап покажа и докажа како треба да се однесува една наградувана актерка од француска провиниенција: одговараше кратко и јасно, со дозирана иронија што можеби ќе ви се допадне, а можеби и не, зависи од тоа колку лично го сфаќате нејзиното гостување на фестивалот што го следите со години.  Читај повеќе

Џузепе Торнаторе: Носталгијата како движечка сила

Малкумина режисери можат да се пофалат со идеална филмографија во која секој наслов е навистина посебен. Еден меѓу нив дефинитивно е италијанскиот автор Џузепе Торнаторе, кој, според критичарите и филмофилите, нема промашување во својата кариера. Тоа пред се’ се должи на големата доза на носталгија која се провлекува во неговите остварувања, но навистина треба да си мајстор сите тие чувства суптилно да ги дозираш и на крајот да излезеш како победник. Затоа, во следните редови фрламе поглед врз био-филмографијата на еден од најчесто споменуваните и најгледани италијански филмски автори во последниве 20 години – мајсторот Торнаторе!

Читај повеќе