Таг архива: хајка

„Хајка“ во „Лабораториум“

Изминативе денови најактуелна вест беше онаа за реоформувањето на бендот „Oasis“. Се прашувам што уште имаат овие стари англиски к.ротресини да ни понудат? Повеќе меѓусебно пцуење и навредување низ медиумите? Повеќе шампањ и кокаин? Уште некоја песна со „позајмен“ риф од Битлси? Едно е сигурно, на нивното конто следната година ќе има уште многу милиони со кои ќе си го обезбедат сето она од претходните претпоставки. Така си е тоа кога зад себе ја имате моќната британска музичка индустрија. Затоа, да останеме на наша територија, каде всушност се случи она што нам ни е важно и насушно – враќањето на сцена на момците од „Хајка“. Тоа е веста која нас не’ тангира! Домашната музичка сцена никогаш не била повитална, а „Хајка“ мораат да бидат активен составен дел од неа, за квалитетно растење на новите генерации, идните здрави носители на ова парче земјa.

Значи, се работи за прашање на приоритет. Затоа, F.CK OFF OASIS, GO ON HAJKA!!!

Читај повеќе

Нескротлива енергија од мозокот во срцето

Кон албумот „Мека машина“ на Хајка (Самиздат, 2023)

Со слушачка промоција на 28 јануари момците од бендот „Хајка“ го промовираа својот втор албум „Мека машина“. Темата која беше нивен ултимативен хит во текот на бројните настапи низ целата 2022 година стана наслов на второто свиречко чедо кое, за разлика од првенецот кој беше достапен само онлајн, си доби и свој физички компакт-диск облик.

Читај повеќе

Видео запис од промоцијата на „Двојна експозиција“

Прекрасна беше таа шесто-септемвриска вечер. Дојдоа драги луѓе кои тие два-три часа си поминаа убаво во МКЦ Клуб ресторанот, на крајот заминувајќи со големи насмевки на лицата кои оддаваа задоволство. И реакциите по неколку дена само ја потврдуваа оваа констатација. Имавме топ промотори (Ана Мартиноска и Владимир Мартиновски) и потентен скопски пост-панк бенд кој квалитетно не’ размрда (Хајка). Па што би посакале повеќе?

Читај повеќе

Хајка врз сите сетила

Одам на „Здраво млади“, и по настапот на „Хајка“, сите останати ми звучеа и изгледаа бледо и неинвентивно. Одам првата вечер на „Звукот на Скопје“, и после настапот на „Хајка“ истиот комотно можеше да заврши. Не дека талентираната Дина Јашари и популарната Констракта не беа добри, туку, едноставно, овие момци се најдоброто во моментов на македонската музичка сцена, затоа што испорачуваат се’ што треба да понуди еден нов и свеж потентен бенд: став, контролирана енергија, гласност, бунт и бес. Одамна еден македонски бенд не ме растресол вака квалитетно, и токму затоа овој текст со драго срце им го посветувам ним, на четворицата музички херои кои со својот настап и’ дадоа додатна длабочина и на промоцијата на збирката раскази „Двојна експозиција“.

Читај повеќе

Промоција на збирката раскази „Двојна експозиција“

Драги пријатели, Ве поканувам на промоцијата на мојата нова книга, збирката раскази “Двојна експозиција“, која излезе на 22 август.

За промотивната вечер во МКЦ Клуб ресторанот имаме вистинска all star екипа: промотори се почитуваните Ана Мартиновска и Владимир Мартиновски, кои воедно беа и првите читатели на ракописот и чии драгоцени сугестии ми помогнаа да ја финиширам збирката на најдобар можен начин, а вечерта музички ќе ја зачини актуелниот и потентен скопски бенд „Хајка“.

Читај повеќе