Драги пријатели и читатели, со задоволство го најавувам објавувањето на мојот нов ракопис. Утре од печат излегува „Мина“, роман со мирис на чај од тегавец, вкус на палачинки со шеќер, завиен во плетен џемпер, со календарче под перница… како што гласи поднасловот. Книгата интензивно ја подготвував во изминатите две години, вклучувајќи го и престојот на книжевната резиденција во Пазин, Хрватска во јуни 2022 година. Веќе од утре „Мина“ ќе може да се најде во ИЛИ-ИЛИ, а од четврток и на нашиот штанд на традиционалниот пролетен Саем на книга во „Борис Трајковски“.
Читај повеќеТаг архива: анѓелков
„Двојна експозиција“, промотивно
Драги пријатели, со задоволство го најавувам излегувањето на мојата нова прозна книга, збирката раскази “Двојна експозиција”. Овие приказни одамна ги носев во себе, дел од нив имаа потенцијал за роман, но сепак се одлучив за компактна збирка раскази, во која низ 12-те приказни раскажувам за растењето, созревањето, бизарноста, кризата на средните години и умирањето. Некако чувствувам дека ќе ви се допаднат, зашто ги напишав со кеиф и од срце Се гледаме од денес во книжарница… но пред тоа, да видиме што вели издавачката куќа
Читај повеќе„Филмотопија“ – Најавна шпица
По „ФИЛМ.МКД“ (2015) и „Филмски град“ (2018), природно се наметна излегувањето и на третата книга со филмска есеистика, која ја пишував и објавував на мојот блог-сајт „herojnaedenden.mk“. Со „Филмотопија“ на најдобар можен начин ја заокружувам трилогијата посветена на филмот, тој термин толку типичен во поновата историја на седмата уметност. Со трите книги ја покривам речиси целата македонска продукција, но и она што како новина и тенденција се случуваше на светски план во новиот милениум, со што се надевам дека овие изданија претставуваат драгоцен издавачки придонес кај нас, особено ако знаеме дека вакви книги што на особен начин ја третираат филмската уметност се вистинска издавачка реткост.
Читај повеќе„Филмотопија“, промотивно
Денес, сабота, 16 април, од печат излегува книгата со филмска есеистика „Филмотопија“ од Игор Анѓелков, со што авторот на најдобар можен начин ја заокружува трилогијата составена и од книгите „ФИЛМ.МКД“ (2015) и „Филмски град“ (2018), сите во издание на „ИЛИ-ИЛИ“. Анѓелков продолжува ревносно да ја следи филмската продукција кај нас и во светот, и низ рецензентски и есеистички осврти на публиката навремено ѝ нуди увид во случувањата во филмската уметност.
Читај повеќеКон романот „Фото синтеза“ од Игор Анѓелков
Вчера се продаде последниот примерок од второто издание на ФОТО СИНТЕЗА, кон кој Наталија Наумовска на блогот КРАЈБРЕЖЈЕ се осврна токму – вчера. Фина коинциденција. Убаво е кога книгата живее толку долго, дури осум години по нејзиното издавање. Благодарност до авторката за рецензијата: лична, прецизна, едноставна – како и самата приказна.
Читај повеќеПочитувани читатели, „Филмски град“!
Почитувани читатели/пријатели/филмофили,
речиси три години по книгата „Филм.мкд“, што се закити со Државната награда за публицистика „Мито Хаџивасилев-Јасмин“ за 2015 година, решив да ја продолжам приказната со издавање на уште едно публицистичко дело, насловувајќи го „Филмски град“, како фина асоцијација на мојот единаесетгодишен ангажман со проектот „Филмополис“ на ТВ „Телма“. И ако во „Филм.мкд“ фокусот тематски беше врз домашните филмови во новиот милениум, и овој пат го задржувам зададениот ракурс во првото поглавје, рецензирајќи ги сите македонски филмови што во меѓувреме имаа своја премиера, но во следните поглавја одам чекор понатаму, нудејќи спектар од филмски текстови тематски поместени во различни насоки, што се надевам дека ќе го задржат вашето ценето внимание.