Мојот омилен научно-фантастичен писател е Филип Киндред Дик (1928-1982). Во многу наврати во минатото сум пишувал за неговата поетика и значење, а повторното навраќање на неговите лик и дело е писмото што Дик го испратил до еден од продуцентите на филмот „Блејдранер“, неколку месеци пред неговата смрт. Во него писателот, кој зад себе остави 44 романи и 121 расказ, повеќето објавени во научно-фантастичните списанија, отворено зборува за неговите чувства, и затоа сметав дека е важно повторно, и по четири децении од неговата смрт, да се вратиме на темата “Блејдранер“, особено и поради тоа што најдобриот СФ филм на сите времиња во меѓувреме доби продолжение, а се планира и уште едно во годините пред нас.
