Таг архива: блејдранер

Кон „Истребувач 2049“ на Денис Вилнев

Еден ден по најдолго исчекуваната премиера во мојот живот седнувам пред компјутерот, го пуштам на Јутјуб саундтракот од филмот за да ме понесе атмосферата на реминисценција од прекрасните филмски слики видени претходната вечер, и започнувам да го пишувам овој осврт кон филмот „Истребувач 2049“, попознат како „Блејдранер двојка“, со тоа што дистрибутерите решиле да го задржат насловот од 80-те години, како евоцирање на едно време кога добрите ес-еф филмови имаа суштина и не беа обременети со премногу специјални ефекти.

Читај повеќе

Дерил Хана, интервју/омаж

Иако имаше закажана средба со новинарите во Домот на културата, на која критичарката од „Вараети“ како модератор нè прошета низ кариерата на Дерил Хана, сепак само час и половина пред тоа „Филмополис“ доби ексклузивна можност да направи 15-минутно интервју со американската актерка, која во последниве 30 години создаде завидна филмска кариера. Времето беше кратко за сè што сакавме да ја прашаме, но решивме да почнеме од почетокот. Малкумина знаат дека таа од мали години била несудена балерина. Прашањето ѝ беше многу драго. 

Читај повеќе

Филип К. Дик: Писателот со магично стапче

„Базична работа при манипулацијата со реалноста е манипулацијата со зборовите. Ако можеш да го исконтролираш значењето на зборовите, тогаш можеш да ги контролираш и луѓето кои мораат да ги користат тие зборови“

Читај повеќе