Таг архива: бошњаковски

Интервју за 48часа.мк

На светскиот ден на книгата и авторските права, започнува традиционалниот саем на книгата во Скопје. На штандот на „Или-Или“, како и секогаш, ќе најдете квалитетна литература која не се додворува никому, туку знае дека ќе дојде до вистинските читатели. Во понудата е и мојата прва книга за деца и млади „Дријади“, која излезе во понеделникот. Таа беше повод за интервју во 48часа.мк, каде освен за новата книга и пораките што таа ги носи, зборувам и за процесот на пишување, дисциплината и инспирацијата, издавачката дејност и нејзината позиција во регионот и пошироко. Голема благодарност до Миле Бошњаковски за инспиративните прашања. Се гледаме на саем 😉

Читај повеќе