пишува: Милан Дамјановски
Игор Анѓелков е една од најурбаните појави на нашите простори во последните две декади, особено како личност која ги проследува, презентира, но и креира настаните и тенденциите на културната сцена низ повеќе медиуми. Најдобро е познат преку неговата работа на емисијата Филмополис на ТВ Телма, но и во неговата издавачка куќа Или-Или, во чии рамки тој секогаш се истакнувал со истенчен вкус за промовирање на една урбана и современа естетика. Во текот на овие години тој пред македонската јавност се има претставено и со збирки раскази кои ја продолжија оваа негова урбана нишка. Заради сето тоа, претставува вистинско задоволство и предизвик да се соочиме со неговиот прв исчекор во романексна форма, романот „Крај-пат“, кој излезе од печат на крајот од 2010 г.