Таг архива: милан

„Круг“, посветено на ЕКВ

„Људи одлазе, и одлазе, и одлазе. Овде је досадно, сви су побегли на неко западније место… И ако сам негде стигао било је изнутра, у себе у себе у себе и никако споља…“

Никогаш досега не сум бил на концерт на tribute бенд. Едноставно, не ми се допаѓа таа приказна, зашто ќе отидеш полн со предрасуди и триста неодговорени прашања, и тоа ќе ти пречи да се опуштиш и да уживаш во музиката која ја сакаш. Океј ми е да се отиде во некое клупче, бендот да свири познати „ствари“ и со пријателите прописно да се изжуркаш. Затоа официјалното постоење на трибјут бендови отсекогаш ми било фејк. But… Never say never!

Читај повеќе

Скриените бисери на екс-ЈУ музичката сцена

На 25 мај, некогашниот „Ден на младоста“ во поранешната СФРЈ, симболично решив да напишам збор-два за двата бисера  на некогашната музичка сцена, кои траеја кратко, но оставија траен белег врз многу слушатели и почитувачи на квалитетниот звук. Периодов, благодарение на Бојан од кумановската „Q Rec“ ги добив реизданијата на двата култни албума „La Femme“ на Karlowy vary и „Disillusioned!“ на Rex ilusivi, и следните редови со задоволство им ги посветувам на овие два проекта кои звучат свежо, полетно и предизвикувачки и три ипол децении по нивното објавување.

Читај повеќе

PANGEA („Ангелски здив“)

Пред пар месеци Croatia records, наследничката на некогаш најголемата балканска музичка издавачка куќа Jugoton, направи одличен потег и на ЛП го реиздаде култниот албум Angel’s breath од 1994 година, кој досега беше достапен само на компакт диск. „Лебедовата песна“ на Милан Младеновиќ кој, бегајќи од балканското лудило, замина во Бразил кај пријателот Митар Суботиќ Суба, и со група музичари создадоа антологиски албум, кој дефинитивно го издржа тестот на времето и звучи актуелно и свежи и ден-денес.

Читај повеќе

Рецензија, „Крај-пат“

пишува: Милан Дамјановски

Игор Анѓелков е една од најурбаните појави  на нашите простори во последните две декади,  особено како личност која ги проследува, презентира, но и креира  настаните и тенденциите на културната сцена низ повеќе медиуми. Најдобро е познат преку неговата работа на емисијата Филмополис  на ТВ Телма, но и во неговата издавачка куќа Или-Или,  во чии рамки тој секогаш се истакнувал со истенчен вкус за промовирање на една  урбана и современа естетика.  Во текот на овие години тој пред македонската јавност се има претставено и со збирки раскази кои ја продолжија оваа негова урбана нишка. Заради сето тоа, претставува вистинско задоволство  и предизвик да се соочиме со неговиот прв исчекор во романексна форма, романот „Крај-пат“, кој излезе од печат на крајот од 2010 г.

Читај повеќе