Како и снимањето на филмот на Поповски, „Балканот не е мртов“, и второто играно остварување на Игор Иванов се случуваше во една од халите на Скопскиот саем, каде што во камерна атмосфера исполнета со електрицитет токму за време на присуството на екипата на „Филмополис“, протагонистите во филмот, продуцентот и режисерот се обидуваа да останат ментално „во филм“ за да го истераат планираниот дневен план на снимање во целост. Сето ова го покривме во магазинот со реден број 397, преку чиј текст ги кажуваме речиси сите поединости за филмот. Секако, самиот прилог содржеше и изјави на режисерот Иванов и продуцентот, истовремено и директор на фотографија Томи Салковски, меѓутоа поради некои други настани што следеа, сметавме дека е посоодветно да оди целото интервју со Иванов по премиерата на филмот. Читај повеќе
Таг архива: изи
Интервју со Игор Иванов во „Филмополис“ 456
Разговор со режисерот на новиот актуелен македонски игран филм „Соба со пијано“, кој својата премиера ја имаше минатиот месец на „Браќа Манаки“.
Превртена и анархична надеж на валканите скопски улици
Кон „Превртено“ (UPSIDE DOWN, 107 мин.) на Игор Иванов Изи
улоги: Милан Тоциновски, Сања Трајковиќ, Славиша Кајевски, Никола Ристановски, Инес Бојаниќ, Јордан Симонов, Елена Серафимович, Јовица Михајловски, Марија Кондовска, Ѓорѓи Јолевски
Интервју со Игор Иванов Изи, „ПРЕВРТЕНО“ (2007)
Од првата клапа на „Превртено“ во Дебар маало, која ја покривме во „Филмополис“ број 93, па сè до премиерата на филмот на отворањето на „Браќа Манаки“ („Филмополис“ бр. 177), Иванов како да имаше константна трема, загрижен како сето тоа ќе помине. И да, помина како што треба. Откако падна каменот од срцето, по проекцијата, во холот на Домот на културата во Битола направивме еден краток разговор со него и со Јовица Михајловски, еден од носителите на значајна ролја во филмот на дебитантот.