Таг архива: пијано

Пијано концерт на Бобан Мирковски

Синоќа во рамките на Скопско лето 2020, на плоштадот „Мајка Тереза“, односно, на платото пред НОБ, соло концерт одржа Бобан Мирковски, еден од врвните македонски пијанисти. Заинтересираните посетители, жедни за музика и културни настани, внимателно го проследија настапот на младиот пијанист, кој во нешто помалку од еден час настап го покажа својот раскошен музички талент.

Читај повеќе

Разговор со Игор Иванов Изи, „СОБА СО ПИЈАНО“

Како и снимањето на филмот на Поповски, „Балканот не е мртов“, и второто играно остварување на Игор Иванов се случуваше во една од халите на Скопскиот саем, каде што во камерна атмосфера исполнета со електрицитет токму за време на присуството на екипата на „Филмополис“, протагонистите во филмот, продуцентот и режисерот се обидуваа да останат ментално „во филм“ за да го истераат планираниот дневен план на снимање во целост. Сето ова го покривме во магазинот со реден број 397, преку чиј текст ги кажуваме речиси сите поединости за филмот. Секако, самиот прилог содржеше и изјави на режисерот Иванов и продуцентот, истовремено и директор на фотографија Томи Салковски, меѓутоа поради некои други настани што следеа, сметавме дека е посоодветно да оди целото интервју со Иванов по премиерата на филмот. Читај повеќе

Интервју со Игор Иванов во „Филмополис“ 456

Разговор со режисерот на новиот актуелен македонски игран филм „Соба со пијано“, кој својата премиера ја имаше минатиот месец на „Браќа Манаки“.

Читај повеќе