Таг архива: киненова

Прасловенот Зоран Предин во Скопје

Најубаво во животот е кога коцките спонтано ќе се наредат, без однапред да го форсирате крајниот резултат. Човекот што ја напиша и компонираше една од култните песни во поранешната федерација не дека и претходно не бил во Скопје, но ете, патиштата тогаш не ни се сретнаа. Овој пат, преку заедничкиот пријател и неговиот филм насловен според веќе споменатата песна, се случи средбата која беше кратка, но интензивна и полна со топлина. Да, Зоран Предин беше кратко во Скопје, повторно оставајќи длабока трага зад себе.

Читај повеќе

Наградените филмови на „КинеНова#10“

На 2 октомври се случи свеченото доделување на наградите „Златна грива“ во рамките на десеттото, јубилејно издание на Интернационалниот фестивал „КинеНова“. Жирито во состав Срдан Голубовиќ, српски режисер и претседател, и членовите Владимир Самоиловски, македонски кинематографер и Хамед Солејманзадех, ирански филмски критичар, откако изразија задоволство од селекцијата на кратките и долгометражните остварувања во официјалните селекции за наградите, ги донесоа следниве одлуки:

Читај повеќе

„КинеНова#10“: Интервју со Слободан Максимовиќ, сценарист и режисер

Слободан Максимовиќ дипломираше филмска режија на Академијата во Љубљана. Режираше повеќе од 35 филмови и серии од различни формати и жанрови, а за многу од нив го напиша и сценариото. Неговите филмови беа прикажани на многу меѓународни филмски фестивали и освоија 46 награди. Негови најзначајни дела се играните филмови „Благодарам за Сандерленд“ (2012), „Ника“ (2016) и „Капа“ (2022), документарецот „Технологијата на луѓето“ (2014), минисеријата „Случаите на инспекторот Вренкo“ (2021-2024) која е најгледаната криминалистичка серија на националната телевизија во Словенија, и краткиот филм „Невидливата рака на Адам Смит“ (2017), кој беше во конкуренција на „КинеНова“. Оваа година се враќа на фестивалот во Скопје со документарниот филм „Прасловен“ за словенечкиот enfant terrible, Зоран Предин, со кој во последнава година го освоија регионот, вклучувајќи и неколку фестивалски награди. 

Читај повеќе

„КинеНова#10“: Интервју со Хамед Солејманзадех, член на „КинеНова“ жирито

Хамед Солејманзадех е ирански филмски критичар, филмски филозоф, режисер и предавач на Универзитетот во Гетинген, Германија и на Академијата DAM во Рим, Италија. Член е на FIPRESCI, а неговата кариера вклучува членување во жиријата на повеќе од триесет престижни филмски фестивали и настани низ целиот свет. Тој е и основач и директор на Меѓународниот фестивал на краток филм „Абас Кјаростами“. Оваа година, во рамките на „КинеНова“, покрај тоа што ќе има улога да одлучува за наградите на најдобрите, заедно со другите членови на жирито, ќе одржи и мастерклас за студентите по филмска и театарска уметност, каде што ќе ја презентира поетиката на иранската кинематографија, која има голем број обожаватели во Македонија.

Читај повеќе

„КинеНова#10“: Интервју со Срдан Голубовиќ, сценарист и режисер

На десеттото, јубилејно издание на „КинеНова“,српскиот сценарист и режисер Срдан Голубовиќ e „Автор во фокус“, кој истовремено ќе го предводи и тричленото фестивалско жири. Човекот кој зад себе има четири феноменални филмови кои освоија награди на фестивали ширум светот, е професор на престижниот Факултет за драмски уметности во Белград, каде што со години несебично ја пренесува својата љубов кон седмата уметност на своите студенти

Читај повеќе

„Киненова#10“: Интервју со Јуре Павловиќ, сценарист и режисер

Годинашното, јубилејно десетто издание на Интернационалниот филмски фестивал „КинеНова“ ќе биде отворено со документарниот филм „Загубениот сон на Тимот од соништата“ на хрватскиот сценарист и режисер Јуре Павловиќ. Се работи за приказната за фантастичната генерација на југословенската кошарка, која во 1991 година во Рим го освои своето последно злато, токму во моментите кога земјата се распаѓаше. Во филмот со свое гледиште настапува златната генерација на која и’ припаѓаа Дивац, Кукоч, Паспаљ, Раѓа и останатите ведети на југословенската кошарка, која за жал, не го оставри сонот да се сретне со првиот „Дрим тим“ од НБА лигата на Олимписките игри во Барселона во 1992 година, како можен и посакуван „судир на титаните“

Читај повеќе

Филмови во официјалната конкуренција на „КинеНова#10“

На конференција за новинарите денеска беше објавена програмата на претстојното, јубилејно издание на „КинеНова“, кое ќе се одржи од 28 септември до 5 октомври. Фестивалот, како и секогаш, носи возбудливи деби остварувања, а годинава за фестивалските награди рамноправно ќе се борат три документарни и три играни филмови. Во продолжение ви ги претставуваме сите наслови во официјалната конкуренција 😉

Читај повеќе

„КинеНова“ за Кочани

Оваа година Интернационалниот филмски фестивал “КинеНова“ слави убав јубилеј – 10 години од своето постоење. Во таа насока беше планирана мартовска ревија за загревање на атмсоферата, со избор на некои од највозбудливите остварувања на последните неколку фестивалски изданија. По трагедијата во Кочани, единствена прифатлива форма во која може да се прикажат избраните филмови е неколкудневна ревија со хуманитарен карактер, како што и доликува.

Читај повеќе

Наградените филмови на “КинеНова#9“

Вечерва во Домот на културата „Билјана Беличанец“ (Киноверзум) во Кисела вода, со проекција на новото остварување „На се’ ќе дојде крај“ на легендарниот хрватски режисер Рајко Грлиќ, беше затворено предјубилејното издание на меѓународниот филмски фестивал „КинеНова“. Пред тоа, интернационалното жири во состав Асимина Проедру (грчка режисерка), Дорина Оарга (романска продуцентка) и Јани Бојаџи (претседател) ги донесоа следниве одлуки, доделувајќи ги фестивалските награди „Златна грива“:

Читај повеќе

За загрозената слобода на уметноста, отпорот и духот на времето во кое живееме

„Воодушевување“ е мал збор за да се опише говорот на годинешниот лауреат, австрискиот сценарист, режисер и продуцент Улрих Зајдл, кој го прочита на отворањето на „КинеНова#9“, прецизно опишувајќи го духот на времето во кое живееме и она кое ни претстои. Затоа во продолжение го пренесувам во целост, за уште еднаш да се увериме во моќта на изговореното како храбар став, како бистар поглед врз загрозената слобода на уметноста и воопшто, како став за самиот живот кој треба да го живееме и обликуваме како што треба и доликува.

Читај повеќе