Оваа година Интернационалниот филмски фестивал “КинеНова“ слави убав јубилеј – 10 години од своето постоење. Во таа насока беше планирана мартовска ревија за загревање на атмсоферата, со избор на некои од највозбудливите остварувања на последните неколку фестивалски изданија. По трагедијата во Кочани, единствена прифатлива форма во која може да се прикажат избраните филмови е неколкудневна ревија со хуманитарен карактер, како што и доликува.

Во следните пет дена во прекрасното кино во Домот на културата „Билјана Беличанец“ во Кисела вода, каде ланската есен фестивалот имаше одлично издание и го пронајде својот нов дом, публиката ќе има можност да ги види следните наградени остварувања на „КинеНова“:
30.03.2025 / 20:00ч. (недела)
МАЖИТЕ НЕ ПЛАЧАТ (2017, BIH, 98′),
Режисер: Ален Дрљевиќ

31.03.2025 / 20:00ч. (понеделник)
ХОТЕЛ ПУЛА (2023, CRO, 95′),
Режисер: Андреј Коровљев

01.04.2025 / 20:15ч. (вторник)
КАФУЛЕ (2023, IRN, 93′),
Режисер: Навид Михандуст

02.04.2025 / 20:15ч. (среда)
ЗАД СТОГОВИТЕ СЕНО (2022, GRE, 119′),
Режисер: Асимина Проедру

03.04.2025 / 20:15ч. (четврток)
НА СЕ’ ЌЕ ДОЈДЕ КРАЈ (2024, CRO, 89′),
Режисер: Рајко Грлиќ

