Еден од најзначајните јубилеи кои се прославија годинава е 500-годишнината од првата пловидба околу Земјината топка, по што и станал јасeн нејзиниот облик. Така морепловецот Фернандо Магелан беше запишан со златни букви во историјата на човештвото. Јас однапред им се извинувам на Рамноземјашите, но фактите си се факти Сепак, не поминало се’ така мазно, бидејќи ова патување го следеле многу контраверзи и несреќи. Од петте брода на почетокот, само еден ја завршил експедицијата, а Магелан загинал некаде на половина пат. Но, ништо чудно ако се знаат контекстот и околностите околу оваа голема водена авантура која требало да трае една, а се оддолжила на три години.
Читај повеќе500 години откако планетата Земја не е рамна плоча
Напишете коментар