Таг архива: музеј на град скопје

Кон изложбата „Скаменети потези“ на Аница Китаноска

Ми се допаѓа кога ќе наидам на текст од добар познавач на материјата, напишан со срце. Во случајов се работеше за ФБ пост на страницата „Странски сликари во Македонија во периодот од 1850 до 1950“ на Влатко Милошевски,  кој пролетта во Музејот на град Скопје ни приреди вистинско задоволство со неговата истоимена изложба за која, за жал, не стигнав да напишам ниту збор. Но, сигурен сум, ќе има други прилики во иднина.

Влатко шетајќи летово низ Охрид, наишол на одлична изложба, а импресиите несебично ги сподели со сите нас. Најавата велеше дека изложбата на Аница Китаноска насловена „Скаменети потези“ набргу ќе гостува и во Скопје, па кога го видов датумот, 8 октомври, со возбуда го чекав денот кога ќе ја посетам поставката на Старата железничка станица. Се разбира, го скокнав отворањето бидејќи не сакам формалности и говоранции, и рано наутро следниот ден се нацртав уште во 9 часот во музејот, каде чуварот чудно ме погледна, но љубезно ме однесе до изложбениот салон, и откако прашав, вети дека ако останал некој примерок од каталогот, ќе ми го донесе. Се заблагодарив и во следниот час се нурнав во убавините изложени на ѕидовите.

Читај повеќе

Час по анатомија со Че Гевара

На денешен ден, 9 октомври, беше егзекутиран последниот вистински револуционер во 20 век, Аргентинецот Ернесто Че Гевара (1928-1967). На постојаната поставка во Музејот на град Скопје, пријатно-изненадувачки, може да се види една многу интересна слика на српската уметница Оља Ивањицки, насловенa „Час по анатомија“, како алузија на славната слика на Рембрант, на која се насликани последните мигови на овој свет на револуционерот, пред да му се загуби секаква трага.

Читај повеќе

26 јули

Овој датум е запишан во историјата на градот како пресвртен момент, како меѓник меѓу провинцијално и современо Скопје. За жал, природната катастрофа однесе многу жртви, наши сограѓани, но градот продолжи да се развива, сеќавајќи се на тој кобен ден во 1963 година, кој засекогаш е врежан во кодот на Скопјаните.

Читај повеќе

70 години Музeј на град Скопје

Не сум човек кој сака свечености, отворања и останати формалности. Затоа бирам некој од следните денови за посета на одредена изложба, која вообичаено трае подолг период, за да можам на раат да го видам изложеното. Возбудата околу најавениот  јубилеј „70 години Музеј на град Скопје“, како што гласи и насловот на изложбата, во чии рамки ќе се промовира и луксузна монографија, во јавноста траеше веќе одредено време. И, само еден ден по официјалното отворање, ете ме мене во познатиот простор на старата железничка станица, каде во изминатите децении се случиле безброј настани, поминале безброј уметници, се размениле еден куп енергии.

Читај повеќе

„Во слава на Леонардо“ во Музеј на град Скопје

На 24 октомври во славниот париски Лувр беше отворена изложбата по повод 500-годишнината од смртта на италијанскиот ренесансен сликар Леонардо да Винчи (1452-1519). По еднодецениски преговори и подготовки, на најсеопфатата изложба досега се претставени околу 160 дела на славниот уметник, и освен оние кои веќе се во каталогот на Лувр, вклучувајќи ја и „Мона Лиза“, можат да се видат и дела позајмени од колекциите на други институции од целиот свет. На 26 ноември и нашиот Музеј на град Скопје, во соработка со Асоцијацијата за култура ИКОН, се приклучи кон иницијативата за славење на ликот и делото на да Винчи со изложбата насловена „Во слава на леонардо“, на која се претставени дела од 12 македонски уметници инспирирани токму од сликарското творештво на италијанскиот ренесансен гениј.

Читај повеќе