Шанса да сними дебитантски долгометражен филм, Светозар Ристовски (1972) доби релативно рано во својата штотуку започната кариера. Тој шансата добро ја искористи снимајќи интересен филм, кој на не толку познатиот, но ценетиот „Anchorage film festival“ во 2005 година беше прогласен за најдобар филм, а декада подоцна имавме можност да го гледаме и на филмски канали како „ТВ 1000“, заедно со редица други квалитетни авторски остварувања. „Илузија“ својата премиера ја доживеа на Филмскиот фестивал во Торонто во 2004 година, каде што денес режисерот живее и работи. Авторот најави дека македонската премиера ќе се случи на фестивалот „Браќа Манаки“, но тоа не се случи.
Интервју со Светозар Ристовски, „ИЛУЗИЈА“
Напишете коментар