По успехот со „Панкот не е мртов“ (2011), кој освојуваше награди на светските фестивали и беше одлично примен од филмофилите, Владимир Блажевски во 2016 година влезе во нова филмска авантура, чиј финален производ овие денови можеме да го проследиме на големото платно. Годината во која, според кинескиот хороскоп, се влегува во владение на мајмунот, филмаџијата ја зема и како наслов на својот нов проект, откако работниот наслов „Слобода или смрт“ послужи како премин од панкерската приказна кон новата, комедија на апсурдот. Читај повеќе →
„Во една здодевна врнежлива вечер ја посетивме екипата на филмот ‘Панкот не е мртов’, која во фабриката ‘Треска’ имаше тешки услови за работа. Но ентузијазмот беше на ниво, особено кај авторот на филмот Владимир Блажевски, кој дури по 17-годишна пауза влегува во реализација на нов целовечерен проект.“ Ова беа воведните зборови во прилогот што одеше во „Филмополис“ број 272, кога со авторот и екипатана филмот зборувавме за предизвиците што ги носи филмот кој тие денови го снимаа, за мали пари, но со многу љубов. Меѓу другото, тогаш Блажевски ни кажа дека сценариото е готово веќе 4 години, по што во игра влегле 4-5 копродуценти, но откако можноста за соработка пропаднала, останал само доделениот буџет од Филмскиот фонд, што е многу малку и за домашни услови.Блажевски призна и дека музички панкот не му е близок, но дека ги препознава пораките што тој ги прокламира и токму тој дел од приказната бил провокативен за пишувањето на сценариото. Констатираше дека транзицијата во Македонија си го стори своето и дека на некој начин и ние овде со години живееме панкерски. Сепак, тој ќе се обиде филмот да кореспондира со поширокиот дел од публиката. И успеа во тоа. „Панкот не е мртов“ е еден од најнаградуваните македонски филмови, кој успеа, поради својата универзална мака за која раскажува, да биде препознаен од публиката и критичарите каде и да се прикажа. Инаку, премиерата на филмот се случи на отворањето на 14. издание на Скопскиот филмски фестивал. „Филмот е радикално и луто скопски, и затоа е природно премиерата да се случи токму на новото издание на СФФ“, заклучи Блажевски на пресот. Во кината низ Македонија се прикажуваше од 15 април. Интервју со Блажевски го направивме за стартот од новата сезона на „Филмополис“, по летната пауза и успехот на филмот на неколку фестивали на кои учествуваше, што навистина беше прекрасен повод за разговор.Читај повеќе →
Интервју со ЈОРДАН СИМОНОВ и КАМКА ТОЦИНОВСКИ, главните актери во филмот “ПАНКОТ НЕ Е МРТОВ” на Владимир Блажевски
14 издание на Скопскиот филмски фестивал го отвори премиерата на филмот “Панкот не е мртов” на Владимир Блажевски, а веднаш потоа ова ново македонско остварување играше и во кината во неколку градови низ државата.