Таг архива: рокументарец

Прасловенот Зоран Предин во Скопје

Најубаво во животот е кога коцките спонтано ќе се наредат, без однапред да го форсирате крајниот резултат. Човекот што ја напиша и компонираше една од култните песни во поранешната федерација не дека и претходно не бил во Скопје, но ете, патиштата тогаш не ни се сретнаа. Овој пат, преку заедничкиот пријател и неговиот филм насловен според веќе споменатата песна, се случи средбата која беше кратка, но интензивна и полна со топлина. Да, Зоран Предин беше кратко во Скопје, повторно оставајќи длабока трага зад себе.

Читај повеќе

„КинеНова#10“: Интервју со Слободан Максимовиќ, сценарист и режисер

Слободан Максимовиќ дипломираше филмска режија на Академијата во Љубљана. Режираше повеќе од 35 филмови и серии од различни формати и жанрови, а за многу од нив го напиша и сценариото. Неговите филмови беа прикажани на многу меѓународни филмски фестивали и освоија 46 награди. Негови најзначајни дела се играните филмови „Благодарам за Сандерленд“ (2012), „Ника“ (2016) и „Капа“ (2022), документарецот „Технологијата на луѓето“ (2014), минисеријата „Случаите на инспекторот Вренкo“ (2021-2024) која е најгледаната криминалистичка серија на националната телевизија во Словенија, и краткиот филм „Невидливата рака на Адам Смит“ (2017), кој беше во конкуренција на „КинеНова“. Оваа година се враќа на фестивалот во Скопје со документарниот филм „Прасловен“ за словенечкиот enfant terrible, Зоран Предин, со кој во последнава година го освоија регионот, вклучувајќи и неколку фестивалски награди. 

Читај повеќе

Чувства, поезија и екстаза

Многу убав потег е кога големи режисерски имиња ќе одлучат да направат рокументарец посветен на своите омилени музичари и бендови. Мартин Скорсезе во 1978 година во историјата ги испрати славните музички имиња од групата „The Band“ со филмот „The Last Waltz“, во следната декада Џонатан Дем на светот му го подари „Stop making sense“ за њувејв-хероите Токин’ хедс, Џим Џармуш ги следеше Нил Јанг и Крејзи хорс на нивната светска турнеја во 90-те насловена како и филмот „Year of the Horse“, додека во новиот милениум, Антон Корбијн конечно ја раскажа приказната за култните Јан Кертис и Џој дивижн во прекрасниот „Control“.

Читај повеќе

Анархо-спиритуален сон за животот

На актуелното издание на Скопскиот филмски фестивал (29 март – 6 април) една од програмските содржини што предизвикува особен интерес кај публиката е „Sound and fury“, во чии рамки изминативе две години можевме да ги видиме прекрасните рок-документарци за „Пиксис“, „Рамоунс“, „Секс пистолс“… Оваа година фестивалскиот селектор ни ги подарува приказните за Филип Глас, Бридерс, Едо Маајка, Фадо музиката… И генерално, последниве години претходно малку подзаборавениот жанр како повторно да се враќа на сцената, веројатно поради промената на поимањето на музиката, кадешто Интернет-мрежата одигра голема улога, па бидејќи луѓето станаа гладни за вистински херои во чии ставови и светогледи и самите ќе се препознаат, започна екранизирањето на животот и делото на старите бунтовни музички волци како Боб Дилан, Џони Кеш, Леонард Коен… а во моментов и една дама е во фокусот, панк хероината Пети Смит.

Читај повеќе