За време на својот работен век во „Слободна Европа“, новинарот и долгогодишен колега и пријател Љупчо Јолевски редовно објавуваше текстови за активностите на ИЛИ-ИЛИ на издавачки план, а секако, тука беше и покривањето на мојата прозна и филмско-есеистичка активност со години наназад. Работите така се погодија пред и официјално да замине во пензија, Јолевски да напише текст и за излегувањето на збирката раскази „Двојна експозиција“, како прекрасно заокружување на нашата долгогодишна соработка.
