Таг архива: столе

Божиќната молитва на Мирко Ковач

Мирко Ковач (26.12.1938 – 19.08.2013) беше наградуван и ценет писател и сценарист. Автор е на неколку романи, збирки раскази, есеи, ТВ драми и филмски сценарија. Познат е по тоа што беше против изградбата на мавзолејот на Његош. Тој сметаше дека постојната капела е добро инкорпорирана во традицијата и дека проектот на Мештровиќ е поврзан со монументалните египетски храмови, кои немаат никаква врска со христијанството, кое било столбот на животот на епископот. Сценарист е на славните филмови „Окупација во 26 слики“ (1978) и „Падот на Италија“ (1981) во режија на Лордан Зафрановиќ, а ко-сценарист, заедно со Живојин Павловиќ и Столе Попов, на култниот филм „Тетовирање“ од 1991 година.

Читај повеќе

„До балчак“ на Столе Попов

Современата епопеја насловена До балчак започнавме да ја третираме во магазинот уште во Филмополис број 394, кога со еден пристоен текст направивме посвета на снимањето на филмот што се одвиваше во Западна Македонија, поради што и не бевме присутни на самото снимање. Текстот одеше вака:

Новиот македонски филмски проект – долгометражниот игран филм „До балчак – Приказна од дивиот исток“ во режија на Столе Попов и по сценарио на Горан Стефановски, започна со снимање во продукција на „Триангл филм“, во копродукција со „Сектор филм“, „FX3X“ и Македонската радио-телевизија. Проектот е поддржан и финансиран од Владата и од Филмскиот фонд на РМ во програмата за проекти од национален интерес, откако со години не успеа да најде странски копродуцент. Снимањето на филмот го помагаат и министерствата при Владата на Република Македонија, МПЦ – Преспанско-пелагониската и Дебарско-кичевската епархија, „Македонски железници“ и локалните градски самоуправи.

Читај повеќе