Во моментов во Австралија температурите се движат меѓу 15 и 20 степени. Користејќи го ова „студено“ време во овој дел од годината, тие истражувале и наишле на еден многу добар проект токму од овие простори, решавајќи да го применат и на нивно тло. Со оглед на се’ поголемите суши и пожарите кои во минатите години му се случија на овој контиент, тие одлучија да го инаугурираат „Денот на дрвото“, кампања која на големо се рекламира под мотото „Засади ја својата иднина“. На местото на Борис Трајанов решија да го повикаат нивниот славен музичар, кој во последниве декади живее на британска адреса, но тој сепак е нативен Австралијанец и добар избор за главно лице на еко-проектот.
Таг архива: кејв
Кон „The Birthday party: Бунт во рајот“
Ударниот термин во последните две вечери на „Загребдокс“ (14-21 април) беше резервиран за проекција на актуелниот документарен филм „The Birthday party: Mutiny in Heaven“ на режисерт Ian White. Приказната за матичниот бенд на Ник Кејв предизвика голем интерес кај фестивалската публика, и обете проекции беа исполнети речиси до последното место. Присутни беа луѓе на различни возрасти, од оние во средни години кои веројатно растеле и созревале со музиката на Кејв, до младинците кои можеби токму ова лето за прв пат ќе присуствуваат на некој негов концерт во рамките на актуелната турнеја. Набојот во воздухот постоеше, време беше кино-екранот да експлодира!
Читај повеќеДивиот Запад во ново пакување
Најфилмскиот жанр во историјата отсекогаш имал сили за обнова, за читање на нов начин на приказните кои ги сакаат сите генерации. Речиси во секоја декада имаме филмаџии, нови или стари волци, кои сакаат да остават печат во најценетиот филмски жанр, пркосејќи им на легендарните наслови на Цинеман, Хокс, Форд и останатите мајстори од златната ера на Вестернот. Тоа се случува и во последниве години, кога сме сведоци на ревитализација на епските сцени од Дивиот Запад, на задоволство на филмофилите ширум светот.
Читај повеќеStuart Staples во „Мезанин“
Во 181 издание на меѓупросторот на Радио Равел, фокус врз соло албумите на Стјуарт Стејплс, препознатливиот вокал на „Тиндерстикс“. Загревање со Том Вејтс и Ник Кејв.
Читај повеќеРетроспективен „Мезанин“ 2003
Во првото издание на меѓупросторот на Радио Равел, на 04 јануари правиме ретроспектива на албумите кои сметаме дека беа вредни за слушање во изминатата година. Стартуваме со мистер Лаврбој, г-нот Ник Кејв.
Читај повеќе