Таг архива: кјур

Радоста да се биде тажен

Кон албумот „Songs of a lost world“ на The Cure

Се чини како оваа година сите да објавија албуми. Го слушам интервјуто на „стариот лисец“ Дејвид Гилмур кој јасно нагласува дека клучни биле тие година-две од пандемијата, кога бевме затворени дома и сакал-нејќел, за да не полудиш, почнуваш да твориш. Ник Кејв, Меркјури рев, Тиндерстикс, Бет Гибонс, Прл џем, Лори Андерсон, Смешинг пампкинс… се само дел од имињата кои не’ почестија со нов материјал. Дури и јас издадов пет книги(!) Сепак, од сето наброено, за мене албум на годината е „Songs of a lost world“ на Кјур, не затоа што стана број еден на релевантните листи од оваа и онаа страна на океанот, туку затоа што слушањето на ова ремек-дело и уживањето во него е најмалку што можам да сторам за Илиќот, првиот што од мојата генерација замина на оној свет.  

Читај повеќе

„Тиндерстикс“ во Мезанин

Во меѓупросторот на Радио Равел оваа среда од 22 до полноќ, господата од Тиндерстикс! Загревање – Д Кјур 😉

Читај повеќе