Таг архива: недевска

Кон „Медена ноќ“ на Иво Трајков

Филмаџијата Трајков е познат по тоа што во секој нареден филм сака да третира поинакви теми, па дури и помалку или повеќе успешно да експериментира со самиот филмски јазик (се сеќаваме на “Филм”, “Проектот Берлин”…). По адаптацијата на романот „Големата вода“ на Живко Чинго, овој пат тој приказната во новелата “Уво” на чешкиот писател Јан Прохаска ја прилагоди на случувањата на актуелната македонска политичка сцена, каде веројатно по гледањето на филмот  многумина ќе се препознаат во матриксот, што е еден вид одење по жица на авторот на овој филм, секако, доколку истите имаат потенцијал да ја сфатат неговата намера.

Читај повеќе

Разговор со Иво Трајков и екипата на филмот „СОЗЕРЦАНИЕ“

Сè започна од прекрасните инсерти што ги добив, со музика од сугестивните „Ентони енд д Џонсон“. За жал, на крајот не успеале да ги добијат правата за користењето на музиката, и истите сцени изгледаа сосема различно во рамките на филмот. Нејсе. По повод светската претпремиера на филмот, во КИЦ во Скопје прес-конференција за новинарите, која ја покривме во „Филмополис“ број 225, и на која беа присутни, покрај Иво Трајков и Верица Недевска-Трајкова, и тогашниот директор на Филмскиот фонд, Дејан Илиев, кој нагласи дека стратегијата е поддржување условно мали филмови со големо срце, алудирајќи на буџетот од 650 илјади евра со кои беше снимен филмот на Трајков. На пресот во Скопје присуствуваше и дел од чешката екипа во филмот: Јиржи Конечни – продуцент, Давид Швехлих – актер, и Клаус Фуксјегер – кинематографер од Австрија. По половина година, официјална кинопремиера на 12. издание на Скопскиот филмски фестивал, кој по кризата што го зафати, се бараше себеси, сместувајќи се моментно во Кинотеката на Македонија. Еве го и официјалниот кавер на таа фестивалска премиерна вечер на „Созерцание“ (или „Патот на Јозеф“, за оние што заборавија) во „Филмополис“ 251. 

Читај повеќе