Агенцијата за филм во рамките на одбележувањето на своето двецениско постоење со подарок за филмофилите – бесплатни проекции на врвни македонски наслови. Секој понеделник „Синеплекс“ стана новото зборно место за сите генерации. Со проекција на „Панкот не е мртов“, „Хомо“,, „Avec L’amour“ и „Господ постои, името и’ е Петрунија“ се направи една ретроспектива на современата македонска кинематографија, а македонскиот филм се врати таму каде што припаѓа – на големото платно.
Филмскиот критичар Игор Анѓелков пред проекциите разговараше со авторите, а овој пат со него ја анализираме важноста на кино-културата и зошто е клучно домашната продукција да комуницира директно со својата публика, значењето на овој проект, но и за состојбата на македонската седма уметност денес…

