„Витезот и Византијката“ од Кица Колбе

Приказнава се одигрува првпат на моите страници. Лич­ностите и настаните подлежат само на моите закони. Имињата на местата, градовите и земјите се реални. Секоја друга сличност со реалноста е плод на непредвид­ливоста на мојата творечка фантазија. Романот

На овој начин започнува новиот роман од Кица Колбе распослан на 340 страници, како 189 книга во едицијата „ПРОаЗА“ на ИЛИ-ИЛИ. По „Земја на бегалци“ од 2018 година, Кица Колбе ни подарува нов роман во кој приказната е сместена во современието и се случува во Бон, Рим и едно гратче близу Фиренца. Главните протагонисти се докторанти по филозофија и историја на уметност на Универзитет во Бон.

Кица Колбе (1951) студирала  филозофија  на универзитетите во Скопје и Белград. Магистрирала на естетиката на Теодор В. Адорно, а докторирала  на германската естетика од 18-от век. Неколку години работела на катедрата за филозофија на Филозофскиот факултет во Скопје.

Од 1990-тата се посветува целосно на прозата, особено на романот. Нејзини дела се: Егејци (Култура, Скопје, 1990), Снегот во Казабланка (Издавачки центар Три, Скопје,  2005 – прво издание, Магор, Скопје, 2007 – второ издание), Жените Гаврилови (Табернакул, Скопје 2008), Река  во наследство,  Ein Fluss als Erbe (Скопје и Лангенфелд, 2009), Земја на бегалци (Или-Или, Скопје, 2018).

Снегот во Казабланка е добитник на наградата  Роман на годината 2006, а Жените Гаврилови  во 2009-та  беше македонска номинација за наградата  Балканика.

Извадок

„Се радувам за професорот. Изгледа  навистина најде во неа достоен соговорник. Таа толку го инспирира, што  сигурно се почувствувал млад. Впрочем, младоста не е прашање на телото, туку на духот, како што знаел и Ниче. Што велите“, се насмеа  Јоханес. „На кого мислиш“, го праша расеаниот Витез. „Ах, Даниел! Не се прави дека не знаеш за кого зборуваме! За Византијката!“

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *