Драги пријатели, денес од печат излезе второто издание на „Шрапнел“, во лимитиран тираж. Ова е убава можност за сите оние што го пропуштија и за оние кои во меѓувреме прашуваа за романот, да стане дел од нивната домашна библиотека. Реизданието како додатна вредност го содржи и поговорот насловен Прецизна вивисекција на генерацијата родена во ’70 и некоја на Ана Мартиноска.

„Одличен роман! Издржан, непосреден, а питок, но не во смисла на боза, туку јегер кој ти помага полесно да го свариш овој наш свет“. Снежана Стојчевска
Книгата е веќе во ИЛИ-ИЛИ, повелете на муабет и, се разбира, автограм од авторот 😉

Еве и мало потсетување што кажаа критичарите и читателите неколку месеци по излегувањето на романот, во пандемиската 2020 година.