Таг архива: реиздание

Реиздание на „Ветрилиште“

Се радувам што денес од печат излезе второто издание на „Ветрилиште“, откако последниот примерок од првото издание од ноември 2024 година се продаде неодамна. За разлика од оригиналното издание, кое беше јубилејна десетта објавена книга, па си доби тврд повез и внатрешно шиење за да биде незаборавна, овој пат романот е објавен во мек повез во едицијата „ПРОаЗА“ на ИЛИ-ИЛИ под редниот број 247.

Читај повеќе

Реиздание на „Писма“ од Игор Исаковски

Почитувани,

Со радост го најавувам реизданието на „Писма“, првата прозна објава на Игор Исаковски од 1991 година, книгата која е една од главните „виновници“ да почнам и да продолжам да пишувам. „Писма“ и понатаму останува најскопската книга што сум ја прочитал досега.

Читај повеќе

„Кротко-крајпатни синтези“ (неформална трилогија)

Драги читатели, со радост Ве информирам дека утре од печат ќе излезе една многу драга книга, специјално издание во кое ги реобјавувам моите први три дела: збирката раскази „Кротки приказни“ (2006) и романите „Крај-пат“ (2010) и „Фото синтеза“ (2013). Овој несекојдневен издавачки потег се обидувам да го разјаснам во поговорот од книгата, кој во продолжение можете да го прочитате во целост 😉

Читај повеќе

Второ издание на „Шрапнел“

Драги пријатели, денес од печат излезе второто издание на „Шрапнел“, во лимитиран тираж. Ова е убава можност за сите оние што го пропуштија и за оние кои во меѓувреме прашуваа за романот, да стане дел од нивната домашна библиотека. Реизданието како додатна вредност го содржи и поговорот насловен Прецизна вивисекција на генерацијата родена во ’70 и некоја на Ана Мартиноска.

Читај повеќе

Еј Џули, брат!

Минатиот месец „Кроација рекордс“, наследникот на славниот „Југотон“, го реиздаде албумот „Био сам наиван“ на Даниел Поповиќ. Поводот е четири децении од објавувањето на колекцијата од 10 песни, која во Југославија се продаде во тираж од 725 илјади примероци на разни носачи на звук, со што албумот го направи еден од најуспешните поп производи во поранешната држава. Wow, 725 илјади примероци не се заебанција!

Луксузното реиздание не е скапо, чини само 19 евра, но не ми се купуваше нешто што е ново и исполирано, туку сакав да го почувствувам мирисот на сеќавањата и времињата кои никогаш нема да се вратат. Затоа наминав кај препродавачите крај Вардар, а еден од познаниците се потруди да ми најде сосема солидна копија од албумот. Нејзиниот мирис ме телепортираше не во иднината, туку во минатото, онаму каде што чучат сеќавањата на едно време кое никогаш нема да се врати, сеќавањата кои се единствените параметри кои не’ разликуваат од неминовната роботизација во иднината, нешто што Филип К. Дик одамна го навести во новелата „И андроидите сонуваат електрични овци“, која потоа доби феноменална филмска верзија во „Блејдранер“.

Читај повеќе

Четврто издание на „Единаесет жени“ од Снежана Младеновска Анѓелков

Вчера од печат излезе четвртото издание на „Единаесет жени“ од Снежана Младеновска Анѓелков, со освежена корица, на радост на читателите кои во меѓувреме бараа примерок од книгата со која авторката стана прва лауреатка на „Роман на годината“ за дебитантски ракопис во 2011 година.

Читај повеќе