Тоа беше плишано перниче, а некои го нарекуваа “албум со значки”. Многу фирми, спортски клубови, познати брендови на времето, како свој тогашен рекламен ПР правеа значки кои ги делеа наоколу. Тука, секако, беше и ЈБТ во различни варијанти, со се’ потписот, а до него е и Гоце во двојна црно-сребрена варијанта.
Собирањето на тие мали иглени драгоцености за многумина стана хоби, а неретко наполнетите перничиња ги красеа ѕидовите на собите најчесто на бабите и дедовците. Убаво сеќавање на детството