Архива за месец: октомври 2006

Разговор со Владо Цветановски, „ТАЈНАТА КНИГА“

Филмот што во новата македонска историја најдолго се снимаше и околу кој се кршеа копјата пред сè на финансиски план, бидејќи постојано се зборуваше за исцрпен  буџет, на неколкупати го коментиравме во магазинот и колку што можевме, го следевме неговиот пат до финална реализација.

Читај повеќе

„Стринг форсис“ во Мезанин

Во 166 издание на магазинот, разговараме со Доријан и Александар по повод концертот на „Стринг форсис“. Во меѓувреме, еден куп квалитетна музика од домашната и светската музичка сцена.

Читај повеќе

Рецензија, „Кротки приказни“

пишува: Гоце Смилевски

Иако станува збор за негова прва книга, со дваесетината раскази понудени во збирката „Кротки приказни“, Игор Анѓелков се докажува како автор кој умее да го води раскажувачкото дејствие по углед на најсовремените светски текови на она што денес во светот се нарекува short story,  кој ја исцизелирал својата реченица и кој вешто знае да создаде атмосфера во рамките на кусата форма.

Градејќи ги композициски своите кратки раскази со нагласено чувство за елиптично раскажување, при што најчесто сопоставува две дејствија кои се надоврзуваат едно на друго, а помеѓу нив постои временски интервал кој предизвикал важни промени за кои читателот ќе биде свесен дури во втората половина (во најголем дел при самото финализирање) на расказот, Анѓелков покажува судир во рамките на еден, на прв поглед, ист свет, со што постигнува особен ефект – во секој расказ не’ води кон конкретна поента, при што поентирањето кај него секогаш има и карактер на изненадување за читателот.

Читај повеќе

Соник јут во „Мезанин“

Во меѓупросторот на Радио Равел, фокус врз новиот албум на Соник јут, Rather ripped. Вовед со култните Velvet underground. А кој друг, кога се работи за Њујорк!?

Читај повеќе

Неле К. и Марсо во „Мезанин“

Во 164 издание на магазинот, разговор со гостите Неле К. (E Go East records) и Марсо за случувањата на независната македонска музичка сцена.

Читај повеќе

Рецензија, „Кротки приказни“

пишува: Оливера Ќорвезироска

Непретенциозно, топло, лично колку што треба, сензибилно, спроврено низ секојдневието, но и низ филмовите и стриповите,.. сведоштво за едно растење, духовита прозна ургенција за успех на сопствените доживувања (но и болки)…

Како сите први книги, „Кротки приказни“ на Игор Анѓелков го носи багажот на сопството, на самиот себе спакуван во текст. Но, како сите први добри книги, „Кратки приказни“ носи и навестување дека по „отпакувањето“ на текстот, од него ќе излезат многумина (покрај авторот, се разбира). Конкретно кажано, прозниот првенец на Игор Анѓелков наполно и безрезервно заслужува што станал книга, најмалку поради две причини:
1. расказите се ослободени од општите места и секој одделно носи внимателно одбрана наративна боја;
2. автобиографското стрчејќи од приказните се обидува и да ги извиши. Анѓелков е чесен раскажувач, не го поткаструва автобиографското, но не го ни декорира: му дозволува да
беснее низ текстот толку колку што самото има сила.

Читај повеќе