Таг архива: смилевски

„Вонземјанки“ од Влада Урошевиќ

Денес од печат излезе новата збирка раскази од Влада Урошевиќ насловена „Вонземјанки“, со поднаслов „Раскази од латинскиот кварт“. Ова е 221 издание во популарната едиција „ПРОаЗА“ на ИЛИ-ИЛИ. Воедно, вечерва во 20 часот во киното „Фросина“ во МКЦ истата ќе биде претставена пред читателската публика. Промотор ќе биде Гоце Смилевски.

Читај повеќе

„Гранична состојба“ од Лидија Димковска

Денеска од печат излегува новата поетска збирка „Гранична состојба“ од Лидија Димковска. Се работи за деветтото издание во едицијата „Поеза“ на ИЛИ-ИЛИ, кое се појавува пет години по стихозбирката „Црно на бело“, како прво издание со кое стартуваше споменатата едиција.

Читај повеќе

„Кротки приказни“, најава

Што прави сосема гола жена среде бел ден пред хотелот “Александар Палас”? Зошто долгогодишниот пријател на авторот мистериозно решил сосема да ја прекине комуникацијата со него? Дали лицата на стрип-цртачите потсетуваат на лицата на оние палави деца што му ги крадеа стриповите на авторот кога беше дете? Дали почитувањето на црвеното светло на семафорот ја одредува понатамошната судбина на човекот?

Читај повеќе

Рецензија, „Кротки приказни“

пишува: Гоце Смилевски

Иако станува збор за негова прва книга, со дваесетината раскази понудени во збирката „Кротки приказни“, Игор Анѓелков се докажува како автор кој умее да го води раскажувачкото дејствие по углед на најсовремените светски текови на она што денес во светот се нарекува short story,  кој ја исцизелирал својата реченица и кој вешто знае да создаде атмосфера во рамките на кусата форма.

Градејќи ги композициски своите кратки раскази со нагласено чувство за елиптично раскажување, при што најчесто сопоставува две дејствија кои се надоврзуваат едно на друго, а помеѓу нив постои временски интервал кој предизвикал важни промени за кои читателот ќе биде свесен дури во втората половина (во најголем дел при самото финализирање) на расказот, Анѓелков покажува судир во рамките на еден, на прв поглед, ист свет, со што постигнува особен ефект – во секој расказ не’ води кон конкретна поента, при што поентирањето кај него секогаш има и карактер на изненадување за читателот.

Читај повеќе