Архива за месец: април 2008

„Дени те чува“ во „Мезанин“ 235

„Се вртиме во круг“ е повод момците од „Дени те чува“ да бидат наши и Ваши гости во вечерашниот меѓупростор на Радио Равел. Ќе биде убаво.

Читај повеќе

Disciplina kicme во „Мезанин“ 234

Легендарниот Која и неговиот бенд во фокусот на вечерашниот меѓупростор на Радио Равел, вклучувајќи и интервју со г-нот Душан Којиќ.

Читај повеќе

Анархо-спиритуален сон за животот

На актуелното издание на Скопскиот филмски фестивал (29 март – 6 април) една од програмските содржини што предизвикува особен интерес кај публиката е „Sound and fury“, во чии рамки изминативе две години можевме да ги видиме прекрасните рок-документарци за „Пиксис“, „Рамоунс“, „Секс пистолс“… Оваа година фестивалскиот селектор ни ги подарува приказните за Филип Глас, Бридерс, Едо Маајка, Фадо музиката… И генерално, последниве години претходно малку подзаборавениот жанр како повторно да се враќа на сцената, веројатно поради промената на поимањето на музиката, кадешто Интернет-мрежата одигра голема улога, па бидејќи луѓето станаа гладни за вистински херои во чии ставови и светогледи и самите ќе се препознаат, започна екранизирањето на животот и делото на старите бунтовни музички волци како Боб Дилан, Џони Кеш, Леонард Коен… а во моментов и една дама е во фокусот, панк хероината Пети Смит.

Читај повеќе