Архива за месец: јули 2019

Првата музичка рецензија

Еве ја мoјaтa првa oфицијaлнo oбјaвенa рецензијa, вo третиoт брoј нa култниoт мaгaзин ТРOТOАР oд декември/јaнуaри 93-94, oсврт кoн кoнцертoт нa зaгрепскиoт бенд ФИЛМ вo МКЦ.

Читај повеќе

Светот без Корто

Еве еден одамна објавен текст кој секогаш ќе биде релевантен за читање, бидејќи како одминува времето, светот се’ повеќе се менува (на лошо), а без Корто Малтезе во него, тој од ден на ден останува и без смисла. Неговиот автор, Хравтот Игор Штикс, е писател со меѓународно реноме, чиј роман „Столот на Елијах“ (ИЛИ-ИЛИ, 2007, превод: Деспина Ангеловска) во Македонија предизвика голем интерес и тиражот беше прилично бргу распродаден.
Не знам оригинално во кој медиум е објавен овој текст за Корто, а јас го преземам од е-магазинот „Блесок“ на покојниот Игор Исаковски (во превод на Ана Димишковска – Трајаноска), објавен во бр. 34 на 01 септември 2003, што претставува уште една убава симболика. Многу, многу драг текст за мене.  Уживајте 😉

Кога Корто имал десет години, живеел во Кордоба со мајка си, шпанска Циганка, прочуената Ниња Гибралтарска, и со татко си, британски морнар. Едно попладне, мајчината пријателка Амалија посакала да ја прочита судбината на детето од неговата дланка. Со ужас забележала дека Корто воопшто не ја поседува линијата на среќата. Со цел да го надополни тој сериозен пропуст на природата и да одговори на оваа, можеби прва провокација на судбината во неговиот случај, момчето во истиот час посегнало по татковиот брич и си врежало долга и длабока линија на среќата која од тој миг ќе ја краси неговата дланка. Така, се тврди, почнале животните перипетии на овој знаменит морнар со обетка во левото уво, авантурист и анархист, според некои – непоправлив меланхолик и романтичар, а според други – обичен криумчар и гусар.

Читај повеќе

Weather report

Денешен наслов во европски медиум: „Европа се топи под ударот на сахарскиот бран, се рушат температурните рекорди“, проследено со фотографија од луѓе кои се капат во фонтаните под Ајфеловата кула.
Во прилог неколку фотки со автентичен песок од Сахара, надополнети со пустински рози и кристал од туниското солено езеро Чот ел Џерид, кое се наоѓа токму на работ од сахарската пустина, онаму каде се’ уште гордо стојат кулисите од сетот на „Војна на ѕвездите“ од крајот на 70-те години на минатиот век.

Читај повеќе

Јубилеј: 50 години на Месечината

Пред точно 50 години првиот човек стапна на Месечината. Антологискиот момент во кој главната ролја ја имаше Нил Армстронг беше запаметен по славната реченица: „Ова е мал чекор за човекот, но голем за човештвото“.

Читај повеќе

Жилавата сириска кинематографија

Кон филмовите „Денот кога ја изгубив мојата сенка“ и „Сè уште се снима“ 

Тhe Day I lost my shadow (Yom Adaatou Zouli)

Сирија/ Либан, 90 мин, 2018

Режија: Soudade Kaadan

Still recording (Lissa ammetsajjel)

Сирија/Либан, 122 мин, 2018

Режија: Saaed Al Batal, Ghiath Ayoub

Читај повеќе

„ФИЛМСКИ КЛУБ“ од Дејвид Гилмор

Важно соопштение за сите љубители на литературата и филмот: деновиве од печат излегува нова книга од ИЛИ-ИЛИ работилницата, која на суптилен начин ги поврзува токму овие две нешта. „Филмски клуб“ на канадскиот писател Дејвид Гилмор е прекрасно понирање во внатрешноста на човековата личност преку филмската уметност, како пријатен муабет меѓу двајца стари пријатели. Ова е совршено четиво за летниот период, супер разбирливо и читливо, а истовремено доволно провокативно за да ве остави будни. Одамна не сум прочитал вакво нешто, навистина уживав!!!

Читај повеќе

ЛП на годината

Пристигна мојата ПЛОЧА НА ГОДИНАТА!

Легендарната „Симфонија број 3“, или „Symphony of sorrowful things“ op. 36 на полскиот композитор Хенрик Горецки, овој пат во интерпретација на моќната Бет Гибонс од „Портисхед“ и Полскиот национален радио симфониски оркестар, под диригенство на уште едно легендарно име, маестро Кшиштоф Пендерецки.

Читај повеќе

Последен поздрав до Сидо

„Еј, ај после часови да одиме до Корчагин, има еден професор што држи часови по филозофија и естетика, супер е, ќе чуеме нешто ново“, падна предлог на голем одмор во Орце, и секако, попладнето следевме предавање на професорот Сидовски од кое паднавме на газ. Потоа отидовме уште неколку пати, бидејќи во материјата почна да вклучува и филмска уметност, а сето тоа за нас беше премија.

Подоцна со Сидо редовно се гледавме на разните проекции и фестивали низ градов и дискутиравме за погледнатите филмови, бевме дел од неколку жирија, два пати го поканив на интервју во „Филмополис“ по повод неговите нови непрофесионални филмски остварувања, за на крајот да ми биде и еден од промоторите на книгата „Филмски град“ минатиот октомври.

Читај повеќе